,,Овој сируп за искашлување го препорача еден педијатар на ТВ и додека сум жива ќе му бидам благодарна!”, вели жената која го објави овој рецепт, за кој тврди дека многу и помогнал.

Овој рецепт го препорача еден педијатар на телевизија, па од кога знам за него дома немаме сува кашлица, а продуктивната кашлица многу брзо поминува. Дури и она грепкање во грлото и чувство дека имате нешто да искашлате ама не можете, го решеваме со помош на овој сируп.




После една силна пневмонија пиевме сума-мед еднаш во два месеци, а сега веќе немаме потреба. Можеби децата пораснаа и зацврстеа, а можеби овој сируп е многу добар. Пробајте го па кажете ми дали сум си умислила во главата или нависина е ефикасен. Како и да е, јас на овој доктор ќе му бидам вечно благодарна, додека сум жива.




Потребни состојки: 1 кг црвен кромид, но може и обичен кромид иако овој е најдобар, 500 г мед, 10 ловорови листови, може повеќе или помалку. Постапка:  Излупете го кромидот, исечкајте го на четвртинки, ставете го во тенџере заедно со ловоровиот лист (по можност во оние садови за готвење без вода) и додајте што е можно помалку вода. Јас ставам околу 100-200 мл вода.




Се готви поклопено на најтивко, околу еден час или повеќе. Ако водата испари додајте уште. Процедете на густа цедалка или уште подобро преку газа, бидејќи лекот е посилен колку што имате помалку от-пад.

Кога ќе излади помешајте го со медот и чувајте го во фрижидер. Се пие како сируп, трипати дневно, по две супени лажици, а ефектот се чувствува веднаш после првиот ден. Од оваа количина обично добивам една тегла од 1 кг, иако многу зависи од самиот кромид.




Смесата би требало да биде желатинеста, но се случува да излезе и течна, пак и ова зависи од тоа колку добро е процедено. Јас вадам од содржината и ставам малку на оган или може и во микробранова да се потстопли и да стане течно, па потоа им давам на децата.

Иако кромидот е основа за овој лек, вкусот не е лош бидејќи ловорот доста го подобрува, но вие можете ако сакате да си додадете и каранфилче или цимет за уште повеќе да го подобрите.




Од лушпата на кромидот можете да сварите многу ефикасен чај за искашлување: измијте ги лушпите, сварете ги минута-две во вода и веднаш процедете. Ако ги варите предолго и не ги процедите веднаш, чајот станува малку горчлив.

Коментар на Весна – ,,Јас го сакам вкусот на ловорот ама кога го правев првиот пат малку претерав, ставив повеќе. Освен што го пони-штува мирисот на кромидот, исто така е делотворен против кашлица. Само што го направив овој сируп и веќе после две лажици полесно дишам! Ви благодарам за одличниот рецепт!”




Биљана – ,,За сите кои имаат предрасуди во врска со кромидот, како и јас, немојте! Кромидот навистина не се чувствува. Го направив и го пробав, вкусот е одличен. За да го подобрам вкусот додадов уште: мала лажичка цимет и ѓумбир во прав. Во моментов не кашлам, ама нека ми се најде во залихите.”




Ирена – ,,Мојот сируп излезе малку потемен и не е густ како желатин, можеби подолго време го готвев? Ама каков и да е, мене ми помогна. Прво земав лажица по лажица, а сега ја подигам целата тегла и земам една добра голема голтка, бидејќи сама го пијам и сакам што поскоро да оздравам, бидејќи со ваква кашлица не можам да тргнам на работа.




После три дена подобро се чувствувам, поткашлувам повремено и тоа за да го исфрлам шлајмот, а сега спијам цела ноќ без кашлање и немам б олка во белите дробови.

Сега се сетив на мојот доктор кој еднаш ми рече: “На луѓето им е полесно да испијат таблета отколку да си сварат чај”, и така е навистина. Се от-рув од апчиња и ништо не ми помогна, а еве од обичен сируп од кромид веќе многу подобро се чувствувам.




Гордана – ,,Здраво, сирупот е сигурно добар, јас на своите деца им ја правам истата комбинација само што не го варам кромидот: една поголема главица кромид, не ја лупам, само ги отстранувам коренчињата, го сечкам на парчиња, но не скроз до крај, туку главицата ја ширам како лепеза и ја ставам во една чинија. Одозгора преливам 2-3 лажици мед.




Ова треба да се покрие со проѕирна фолија и да се остави 3-4 часа да отстои. Кромидот испушта доста сок, кој се меша со медот и ова им го давам на децата да го пијат како сируп: по една лажичка на секои 4-6 часа.

И самата настинав, со кашлица и бронхитис, па се лечев со ова. Кај сува кашлица 100% помага бидејќи автоматски го олеснува дишењето и содржината во плуќата многу побрзо “созрева”.