ПОРАДИ ГРЕШКИТЕ СО ЛЕБ И ВОДА СТРАДААТ ЦРЕВАТА: Д-р Тарабар открива кога помагаат пробиотиците, а кога активниот јаглен…
Некои симптоми кои немаат никаква врска со дигестивниот систем – како што се егзема, лошо расположение, анксиозност или слаб имунитет – исто така може да укажуваат на недостаток на пробиотици, осносно проблем со варењето на храна.
На телото му се потребни здрави бактерии, пробиотици, за да биде здраво. Станува збор за микроорганизми кои се борат против лошите бактерии и се важни за здравјето на цревата, но и за имунитетот.
Иако пробиотиците природно се наоѓаат во телото, понекогаш, поради различни причини, нивниот број се намалува, а нутриционистката Ана Мепсон ги открива предупредувачките знаци дека треба да го зголемите нивото на пробиотици за да го подобрите здравјето на цревата.
Покрај тоа, некои симптоми кои немаат никаква врска со варењето – како што се егзема, лошо расположение, анксиозност или слаб имунитет – исто така може да укажуваат на недостаток на пробиотици.
Таа открива и што го нарушува бројот на добри бактерии во цревата – некои лекови (особено антибиотици), стрес, алкохол, недоволно внесување влакна, исхрана богата со масти.
Мепсонова додава дека дигестивните проблеми не мора да значат дека ви се потребни пробиотици.
„Понекогаш е подобро да размислите за вашата севкупна исхрана и да се обидете да внесете доволно масти, протеини и јаглехидрати“, вели таа.
Пробиотиците може да се земаат со суплементи, но и со храна, а најмногу ги има во јогуртот и ферментираната храна.
Гастроентерологот и онколог д-р Дино Тарабар вели дека разновисноста е најважна работа за здравјето на цревата.
„Таа разновисност доаѓа од храната. Шеќерот е најлошата можна храна бидејќи веќе е обработен и ресорбиран во тенкото црево, ништо не навлегува во дебелото црево, па не ги храните бактериите.
Ако земате сложени јаглехидрати, тие не можат целосно да се сварат, како целулозата кога јадете јаболко со лушпа, таа ќе влезе во дебелото црево. Таму чекаат добри бактерии кои ќе се хранат со целулоза и потоа ќе ги направат сите овие добри работи за нас“.
Докторот посочува дека доколку бактериите не се хранат со сложени јаглехидрати, масти и протеини, тогаш доаѓа до размножување на клостридии, кандида и други лоши бактерии, кои предизвикуваат оштетувања во организмот.
Исцедените сокови ги уништуваат добрите бактерии. Сè почесто гледаме луѓе кои наместо да консумираат цело овошје или зеленчук, одлучуваат да пијат свежо цеден сок.
„На тој начин сите влакна остануваат во апаратот, кој е токму храната за пробиотиците. Нема потреба, најдобро е да јадете овошје и зеленчук, бактериите ќе ви се заблагодарат. Цели житарки, кромид, лук, бобинки, хељда, спел, тоа се храна за нашите добри бактерии и ќе ни возвратат со тоа што ќе нè заштитуваат“.
За воспалителните болести на цревата многу луѓе дури и не знаат дека ги имаат додека веќе не напреднала болеста.
Кроновата болест или другите облици на воспалителни болести се многу непријатни и можат да бидат опасни бидејќи предизвикуваат структурни промени кои можат да доведат до посериозни здравствени проблеми.
Гастроентерологот наведе како можеме да го намалиме ризикот со промена на исхраната. Станува збор за промени не само во храната, туку и во начинот и времето кога јадеме.
„Прво, започнете го денот со нешто што ги раздвижува цревата, а тоа се влакната. Наутро земајте палента, овесни снегулки, никулци, јачмен, овес…
Тоа е храна за добрите бактерии, тие се хранат со нив, нашето тело не може да ги свари протеините и мастите, сложените јаглехидрати, бактериите ни го варат. За ручек земете овошје, зеленчук, варено месо, супа и салата.
Не јадете јаглехидрати, навечер не се јаде леб, компир, пица и тестенини, туку она што останало од ручекот, месо и салата. Последниот оброк нека биде во седум навечер“, рече тој.
Се храниме погрешно, меѓу лошите навики се нередовното јадење, но и консумирањето на одреден вид напитоци.
„Кога додавате брза храна, слатки, газирани пијалоци, а да не зборуваме за брендовите, но сфаќате за што зборувам. Па, кога не јадете редовно, туку јадете еднаш дневно количински за тројца, па си легнувате.
Тогаш киселината почнува да ве јаде. Луѓето сами се виновни за овие проблеми“, предупреди тој. Се разбира, нередовното јадење не е исто што и автофагијата, која експертот претходно објасни како се активира.
Дали има смисла превентивно да се зема пробиотик?
„Практично има само една ситуација кога тоа се прави, а тоа е кога патувате во нова средина. Ако одите во странство, каде што водата и храната се различни, некаде далеку, ќе дојдете во контакт со потенцијална инфекција.
Тоа е единствениот случај. А да пиете пробиотик без претходен проблем кој налага внес, тоа е премногу да се очекува од тој препарат. Корисно е, но треба да знаете кога да го дадете.
Луѓето не ни знаат дека користат пробиотици, ги купуваат евтино на распродажба, а има различни видови и функции, а точно се знае кога да се користи кој и за што. Не можете да отидете во аптека и да кажете„ дајте ми пробиотик, не е исто за надуеност, дијареа или гасови. И, за жал, купуваме најевтино“, рече тој.
Дали активираниот јаглен помага?
„Ги собира токсините во желудникот кога сте затруени со нешто, а пониско во дебелото црево нема никаков ефект. Ако има токсини во горниот дел од трактот, тие ќе се закачат за активниот јаглен и тој ќе ги исфрли“, рече тој.
Како да знаеме дека имаме проблем? Гастроентеролог вели дека ќе препознаеме вирус или труење со храна доколку трае неколку дена, а долготрајна дијареа или други непријатни симптоми се причина да се оди на лекар.
„Сите можеме да добиеме труење со храна, тоа ќе трае два-три дена. Но, ако имате дијареа, болки, зголемена температура и сето тоа трае еден месец, тоа е апсолутно многу сомнително за воспалителни болести. Пациентите, како и помладите лекари, треба да знаат каде да одат за примарна здравствена заштита“, рече тој.