Окостувањето на прешлените тешко се лекува, но доколку навремено се лекува, голема е веројатноста да се стопира напредувањето на болеста и да се подобри состојбата. Цервикалната Оотеохондрозата на вратот е болна состојба, проследена со неугодност во пределот на вратот, а резултира со губиток на чувството во рацете.
Раните знаци на болеста се: трпнење, горење, вкочанетост на рацете, болка во вратот која мигрира кон ушите, подлактицата, рамената, градниот кош, намалена мускулна сила, вртоглавици, главоболки, болка во пределот на срцето, несвестици и намалени когнитивни способности.
Постои еден природен лек кој ги ублажува болките кој веќе долго време се користи како народен лек за ублажување на симптомите од цервикалната остеохондроза. Оваа мешавина за масажа се приготвува со нерафинирано растително масло и сол.
Потребни состојки: 10 лажици сол (може и морска сол, хималајска…) и 20 лажици масло (нерафинирано маслиново, сончогледово..). Постапка: Измешајте ги состојките во стаклен сад и затворете. Секојдневно протресувајте ја теглата, а после неколку денови може да се користи.
Употреба: Лекот секој ден нанесувајте го на болното место и нежна масажа. На почетокот е потребно да се масира 2-3 минути, а потоа се зголемува времето додека да постигнете 20 минути масажа дневно. После масажата се брише вратот со хартиена салветка.
После 10 дена користење, доаѓа до значително подобрување на циркулацијата во крвта, а со самата масажа се стимулира регенерација на рскавицата и коскеното ткиво. Ќе почувствувате олеснување. Главоболките ќе исчезнат, а видот и циркулацијата ќе се подобрат, бидејќи телото ќе се ослободи од токсините (метаболните продукти), а метаболизмот ќе се нормализира.