Home закуска Помалку познат рецепт со тиквички…Никогаш не сум јадела толку вкусно јадење…

Помалку познат рецепт со тиквички…Никогаш не сум јадела толку вкусно јадење…

Помалку познат рецепт со тиквички…Никогаш не сум јадела толку вкусно јадење…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 тиквички
сол, црн пипер
3 јајца
100 г лебни трошки
100 г рендан пармезан / тврд кашкавал
100 г брашно
босилек, црвен пипер

ПОСТАПКА:

1.Исечете ги тиквичките на ленти со дебелина приближно 5-6 мм, посолете ги и запиперете ги од двете страни рамномерно. Оставете ги 15 минути, па потоа со хартиена салветка избришете ги од вишокот сок.

2.Во посебен сад изматете 3 јајца со прстофат сол. Во друг сад сипете брашно, а во тре сад помешајте ги лебните трошки со пармезанот и зачините (босилек, црвен пипер).

3.ПОХУВАЊЕ: тиквичките најпрво валајте ги во брашно, па во јајца и на крај во сувата мешавина од лебни трошки.

4.Вака подготвени тиквичките наредете ги во плех обложен со хартија и печете ги во загреана рерна на 200 степени, 20 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.