Ваква вкусна торта не сум јадела одамна. Која ја направив си исеков едно парче и премногу ми се заслади, па така ја изедов половина торта сама. Кога дојде маж ми дома, срам ми беше да му кажам дека сама ја изедов, па му реков дека сум им пратила на децата.




Често ќе ја правите бидејќи се подготвува од неколку едноставни состојки кои веројатно постојано ги имате дома. Едноставно и лесно, а може и веднаш да си ја послужите ако немате трпение како мене. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г бисквити, 200 г ореви. ЗА КРЕМОТ: 650 мл млеко, 40 г какао, 80 г нишесте/густин, 50 г путер/маргарин, 200 г темно чоколадо. И ЗА ГЛАЗУРА: 200 г темно или бело чоколадо.




ПОСТАПКА: Бисквитите исечете ги на помали парчиња или скршете ги со раце, па префрлете ги во еден сад. Млекото ставете го во тенџере на рингла, додајте го згуснувачот, какаото и промешајте со жица или маталка додека да се формира чоколадна смеса.




Во едноличната и течна смеса додајте го путерот, претходно отстојан на собна температура и измешајте го во чоколадната смеса додека е сè уште топла за путерот да може лесно да се растопи. Потоа во тенцерето додајте го и чоколадото скршено на коцки.




Мешајте додека смесата да се растопи, па целиот крем префрлете го во садот со скршени бисквити. Оревите ситно исечкајте ги на мали парчиња, па додајте ги во другите состојки и сè добро измешајте до соединување.




Целата смеса префрлете ја во калап со флексибилен обрач, обложен со целофан кој излегува од калапот за да може да ја прекриете целата торта и пречник од 20 см или некој со слична големина. Добро измазнете ја површината на тортата и покријте со вишокот целофан.




Вака подготвена тортата ставете ја во фрижидер да се стегне околу 2 часа, а потоа по желба може да ја прелиете со чоколадна глазура од бело или црно чоколадо по ваш избор. За тоа ќе ви бидат потребни уште 200 г чоколадо.




Декорирајте ја тортата со сечкани ореви или бадеми на покрупни парчиња и веднаш послужете ја. Тортата се чува во фрижидер и има многу убав и лесен вкус кој не се мери со ниедна друга торта. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.