Половина сапун и сѐ ќе светне и ќе мириса убаво непрекинато 15 дена…
Рецепт за еколошко средство за бања, еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
– 1/2 сапун (крупно рендан)
– 2 лажици сода бикарбона
– 1 голема лажица крупна кујнска сол
Потребни материјали:
– Чист сад
– Маска за лице (со ластиче)
– Ракавици
– НМД
ПОСТАПКА
1. Подготовка на смесата:
– Изрендајте половина сапун на крупно ренде.
– Во сад, додајте го ренданиот сапун, 2 лажици сода бикарбона и 1 голема лажица крупна кујнска сол.
– Добро промешајте ги состојките додека да добиете компактна смеса.
2. Формирање на топчиња:
– Од смесата направете мали топчиња со раце. Ова средство е ефикасно за отстранување на бигор (каменец), мувла и нечистотија, а истовремено елиминира непријатни мириси, пишува НМД.
– Ставете ги топчињата во чист сад и чувајте ги на темно место за да го задржат мирисот и ефикасноста.
3. Подготовка на пакетче за казанче:
– Исечете го едниот крај на маска за лице и зачувајте го ластичето.
– Во маската ставете едно од топчињата.
– Цврсто врзете ја маската во јазол за да добиете мало пакетче.
4. Употреба во казанчето:
– Отворете го капакот на казанчето.
– Спуштете го пакетчето во водата и закачете го со ластичето за некој практичен дел внатре.
– Оставете го да делува – ќе забележите дека водата почнува да мириса убаво и дека каменецот и лошите мириси исчезнуваат.
Резултат:
– Вашата бања ќе сјае и ќе мириса прекрасно до 15 дена. Ова е економично, лесно за правење и многу ефикасно средство!
Напомена:
– Користете ги топчињата по потреба. Секој може да го направи овој рецепт дома со минимален напор.
Пробајте и уживајте во чистотата и свежината! Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ:
https://youtu.be/JQibJyqYYnk?si=IHWyeUUPYPBgwlY5