Дури 40 % од мажите после сексот чувствуваат емотивна празнина и се чувствуваат ранливи, тажни, незадоволни и раздразливи, посочува научно истражување на Aвстралискиот колеџ за применета психологија, кое опфатило над 1.200 испитаници од Германија, Русија, Австралија, Нов Зеланд и САД.
Оваа состојба се нарекува „посткоитална дисфорија” и вообичаено се јавува кај жените, истакнува проф. Роберт Швајцер.
Заклучоците од истражувањето говорат дека за голем дел од мажите, половиот акт е многу посложено емоционално доживување.
„Постои широк спектар на одговорите на периодот кој се случува веднаш по сексуалната активност. Тој период се вика Фаза на резолуција и некои луѓе тогаш сакаат да се прегрнуваат, да бидат сами или едноставно се во некој вид на депресија“ – објаснува професорот Швајцер.
Мажите, за разлика од жените, не ги покажуваат своите фази пред партнерот и повеќето глумат дека се’ е во ред.
Најчесто се загрижени околу тоа дали вистински ја задоволиле партнерката, дали величината на половиот орган била задоволителна, дали тој е среќен и го исполнува овој живот со партнерката, дали би можело подобро, дали би бил посреќен со некоја друга партнерка, а некогаш добиваат прилив на непознати емоции кои и самите не можат да ги разберат…