Рецепт на Кети. „Овој рецепт го имам од татко ми, а во неговото семејство бил одамна. Тој потекнува од големо семејство каде секогаш се случувало барем едно дете, во кој било период од денот да побара нешто да јаде.
![]()
![]()
![]()
![]()
Затоа овој десерт го нарекол „полноќен десерт“, бидејќи го приготвувале дури и навечер. Многу брзо се прави, сите состојки едноставно се мешаат и потоа се печат. Многу е вкусен и сигурно ќе ве потсети на кремаста пита до кокос и банана која ја нарекуваат „флан“. Еве што ви е потребно:

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 јајце, 1 супена лажица шеќер, 1 лажица ванилин екстракт или амарето, 2 супени лажици кокосово брашно (или мелени бадеми/бадемово брашно), 2 супени лажици крем сирење/ овошен густ јогурт/ кисела павлака, 1 банана со средна величина, шеќер, кокос, путер

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Изматете го јајцето во еден сад и додајте шеќер. Во рецептот користиме интегрален шеќер, но може да користите каков сакате. Измешајте, па додајте две лажици кокосово брашно и екстракт од ванила или ликер амарето кој ќе му даде вкус на бадеми/семки од кајсија.

![]()
![]()
![]()
![]()

Потоа додајте две супени лажици крем/павлака и изматете со жица-маталка додека целосно да се изедначат состојките во хомогена крем-смеса. Излупете една банана со средна величина и исечкјате ја на тенки тркалца.

![]()
![]()
![]()
![]()

Тркалцата од банан наредете ги на дното од два помали огноотпорни садови, а одозгора прелијте ги со приготвената смеса. Одозгора наросете прво со прстофат шеќер, а потоа и прстофат кокосово брашно.

![]()
![]()
![]()
![]()

Одозгора врз сето тоа ставете и неколку тенки листови исечен несолен путер. рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени, а потоа ставете го десертот да се пече. За околу 15 минути е готов. Се остава малку да се подизлади, па се послужува директно од садот во кој се печел. Многу е вкусно и кремасто. Деталите погледнете ги ОВДЕ.
































