„Макароните приготвени на овој начин излегуваат многу вкусни, исто како да сте ги направиле со мелено месо. Ова посно јадење го правам веќе 10 години, за 15 минути речиси сè е готово, никогаш не ни здодеало зашто е лесно и многу вкусно, па го јадеме и во денови кога не се пости“, вели Ивана.

рецепт 1

Вториот рецепт е за посна салата со макарони, а како што вели Марија, задолжително ја приготвува за Свети Никола, секоја година, зашто најмногу нејзе ја јадат гостите. Еве што ви е потребно:

рецепт 2




РЕЦЕПТ 1 (на Ивана) ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400-500 г макарони (зависи колку ви треба за ручек), 100 г соини трошки (како замена може и снегулки од интегрални житарици), 100 мл масло или повеќе, 200 мл вода, 2 лажички сув зачин (вегета), сол и црн пипер по вкус

РЕЦЕПТ 2 (на Марија) ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 пакување шарени посни макарони, 1 пакување свежи шампињони, 1 пакување шеќерна пченка во зрно, 200 г посен кашкавал, 600 г посен мајонез, 100 г истостиран/пропржен сусам




ПОСТАПКА за рецепт 1: Сварете ги тестенините „ал денте“ според упатството на кесичката, во солена вода, а потоа процедете ги. Во меѓувреме, додека тестенините се готват, вие пригответе го филот:




Кромидот ситно исечкајте го или сомелете го, па издинстајте го на малку масло додека да испари течноста, односно да омекне. Додајте ја сувата соја (без претходно да ја натопувате во вода) или снегулките од житарица.




Кратко пропжете ја заедно со кромидот, па додајте вода и зачинете по вкус. Динстајте на тивко со повремено промешување сè додека да испари водата и да почне пак да се пржи во маслото. Сојата/снегулките од житарици треба да бидат добро омекнати и пропржени.




Целиот фил додајте го во сварените и исцедени тестенини (или обратно, тестенините истурете ги во филот), промешајте, изедначете и послужете. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ, а не ја пропуштајте ниту постапката од вториот рецепт:




ПОСТАПКА за втор рецепт: Макароните и пченката ставете ги да се варат во посебни садови, според упатството на кесичката. макароните е добро да бидат сварени точно во минута, „ал денте“. Потоа тргнете ги од оган, процедете ги и оставете ги да се ладат.




Печурките исчистете ги и измијте ги. Исечкајте ги на коцкички и испржете ги на малку масло, на тивок оган, сè додека да омекнат и да испари вишокот течност што ќе го испуштат. Пред крајот зачинете ги со една лажичка сув зеленчуков зачин (вегета), малку оригано и црн пипер во прав.




Кога печурките ќе бидат испржени оставете ги да се оладат, а потоа процедете ги од вишокот масло (треба да бидат одвоени од каква било течност или масло, за да не се раскашува салатата).




Кога сите состојки ќе бидат оладени до иста собна температура, соединете ги во еден поголем сад. Измешајте ги макароните, печурките, пченката, пропжениот сусам, ситно исечканиот или изренданиот посен кашкавал и мајонез. Оладете и послужете.