ПОЛНЕТИ ПИПЕРКИ ЗА РУЧЕК…Со овој прелив добиваат неверојатен вкус…Вкусно јадење, прсти да излижеш…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 главица кромид, ситно сечкана
2 домати, ситно сечкана
600 г фета сирење
200 г рендан кашкавал
3 јајца
црн пипер, оригано
6 пиперки

За бел сос:
40 г путер
20 мл масло
2 лажици брашно
700 мл топло млеко
сол, црн пипер, мускатно оревче

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад измешајте ги сите наведени состојки и зачинете по вкус, па наполнете ги пиперките.

2.Растопете го путерот со масло, па запржете го брашното 2 минути. Постепено додајте го топлото млеко и мешајте непрекинато на тивок оган неколку минути.

3.Зачинете и со оваа смеса дополнете го садот во кој ќе ги печете пиперките. Покријте со фолија и печете во загреана рерна на 220 степени, 30 минути.

4.Потоа тргнете ја фолијата и печете уште 15 минути на 200 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.