Необично, но многу вкусно јадење. Можете да ги изненадите гостите со едно вакво интересно јадење.

Потребни состојки:

250 г кори од лиснато тесто

200 г фета сирење

4 црвени/зелени пиперки со средна величина

1 жолчка

1 лажица сусам

Југурт

Постапка:

Измијте ги пиперките, исечете ги по должина и извадете ги семките. Во секоја пиперка ставете фета сирење.

Развлечете го лиснатото тесто па исечете го на ленти. Облошете ги пиперките со лентите од лиснато тесто.

Загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте одозгора со разматена жолчка и поросете со сусам. Можете да користите црн или бел сусам.

Печете додека пиперките да добијат убава боја и почнат да се одлепуваат од дното.

Сервирајте ги топли или ладни со јогурт.