Потребни состојки:
4 големи бабурести пиперки во боја (црвена, жолта, зелена..)
100 г фета сирење, рендано
2 „зденки” топено сирење – триаголници
150 г пршута или шунка (во оригиналот пишува димени колбаси), ситно сечкано
2 чешниња лукче, рендано
Сол, црн пипер по вкус
Постапка:
Пиперките се чистат од семе и се полнат со смесата.
Смеса: сите состојки се рендаат/сечкаат/гмечат, се зачинува по вкус и се спојува во компактна смеса.
Полнетите пиперки оставете ги преку ноќ убаво да се стегнат. Следниот ден полесно се сечат.
Можете да декорирате со шери домати и маслинки.