Ајдучката трева е повеќегодишна билка која спаѓа во редот на најлековитите. Многупати се покажала како корисна во итни ситуации кога било неопходно да се сопре крвавење и да се излекува раната.
Главно цвета покрај патишта, на ливади и пасишта. Покрај можноста да ви ја краси градината, ајдучката трева е добро позната во народната медицина.
Ајдучката трева секој треба да си ја има во својата градина. Ако немате градина, тогаш можете да ја одгледувате во саксија на тераса или во помали тегли со добра дренажа.
Оваа билка ги смирува мускулите и лекува грчеви (делува антиспазматично), овозможува исфрлање на гасовите од телото, делува противвоспалително и ги уништува глистите во цревата.
Го намалува крвниот притисок, смирува дигестивни пречки како подуеност, запек, желудечни проблеми. Ја чисти и јакне крвта и дигестивните органи, а ефикасна е и во лекувањето на црниот дроб, слезината, панкреасот, хепатитис, грозмица, аритмии на срцето, болки во грбот, нередовни менструални циклуси, несоница, разни осипи и чиреви.
Најчесто се користи за стопирање на крвавењето и лекување на рани. На пример, може да стави облога од ајдучка трева и да се сопре крвавењето за само неколку секунди, нормално тоа зависи и од големината на посекотината. Покрај тоа, ја смирува болката од раните и спречува инфекции. Некои луѓе џвакаат свежи листови од ајдучка трева за да ублажат забоболка.
Исто така, се користи и во кулинарството. Свежите листови често се користат во различни видови салати. Ајдучката трева е одлична за чистење на кожата, особено кај лицата кои имаат проблем со масна кожа.
Ставете 2 чаши зовриена вода прелу една чаша сув цвет со ајдучка трева, поклопете и оставете да излади, процедете и течноста тампонирајте ја на кожата. Ова ќе ја смири кожата и ќе ги намали иритациите.
Ајдучката трева може да ги олесни болните менструации. Содржи танини кои помагаат за стегање на крвните садови.
Најдобро е да се пие чај од ајдучка трева барем еднаш дневно. Еве како се приготвува:
Потребни состојки:
1 супена лажица сува ајдучка трева
1 шолја зовриена вода
1 парче лимон, 1 лажичка мед по вкус
Постапка:
Прелијте ја билката со зовриена вода. Поклопете и оставете 10 минути да отстои. Процедете, додадете лимон за вкус или малку мед.