Појадок од 3 состојки– лесен појадок, ужина или вечера за целото семејство. Рецепт од каналот Мој Агол. Доколку сте во потрага по лесен и брз појадок или вечера, ова е рецептот за вас. Фини и меки погачици / лепињи кои се прават од само 3 состојки.
Според количината ќе ви бидат потребни: 400 г брашно, 300 мл млака вода, 1 лажичка сол и уште 100 г брашно за наросување да не лепи тестото. За фил: 150 г сирење траписта и 150 г путер за премачкување. Траписта е полу-тврдо сирење од кравјо млеко.
ПОСТАПКА: Прво го замесуваме тестото. Во подлабок сад ставете го брашното, па постепено додавајте ја водата и на крај посолете. Со раце замесете меко и нелепливо тесто под прсти, а доколку ви е потребно уште брашно додавајте по потреба.
Откога ќе го замесите тестото, покријте го со кујнска крпа и оставете да отстои кратко додека да се удвои. Во меѓувреме, изрендајте го кашкавалот и подгответе го путерот за премачкување.
Тестото префрлете го на набрашнета рамна површина и уште малку замесете го. Потоа започнете со обликување. Раширете го тестото како валјак, ролат малку подебел и од него пресечете 7 еднакви делови, како што е прикажано на видеото подолу.
Секој дел посебно размесете го како мазно топче и работете едно по едно тесто. Со помош на оклагија, развлечете го тестото што е можно потенко како палачинка. Развлеченото тесто во форма на круг, премачкајте го со кујнска четка со растопениот путер.
Врз тестото наросете малку од ренданиот кашкавал а потоа свиткајте го во ролничка, како кога виткате палачинка, а потоа од едниот крај свиткајте го до крајот како завиено кругче. Истото применете го на сите делови од тестото, кои претходно ги пресековте.
Подготвеното тесто покријте го и оставете да отстои 10 минути, а можете да го оставите и преку ноќ во фрижидер за уште подобар вкус. Може да направите двојна доза за да ви излезат 14 ролнички.
По изминатото време, се зема едно од тестото и се развлекува со оклагија во големина на тавата во која ќе го прижите. Треба да ги пржите во загрена тава, од двете страни по неколку минути додека да заруменат и станат крцкави, а тоа може да го направите и во тавче за палачинки.
Откога ќе ги испржите сите теста, се премачкуваат со малку путер додека се сè уште врели, а потоа се спремни за послужување. Тестото има одличен вкус и одговара со секој вид на намаз, а понекогаш го користиме и како тортилја бидејќи е многу тенко.
Сепак, големината во која ќе го развлечете зависи од вас, но најдобро е доколку лепињите ги направите тенки како палачинка или малку подебели од тоа. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.