Ќе бидете изненадени од едноставноста и леснотијата со која ќе ги приготвите овие вкусни питички-штрудлички со сирење. Брзи и лесни ќе ве освојат уште со првиот залак, па редовно ќе си ги приготвувате за појадок, вечера или како закуска на некоја прослава. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за тесто): 100 г кисела павлака со висока масленост (20% мм), 1 жолчка, 10 супени лажици масло за готвење (80 мл), 1 мала лажичка сол или по вкус, 1 мала лажичка прашок за печиво (1/2 кесичка од 10 г), 250 – 280 г брашно. ЗА ФИЛ: 100 г ситно сирење, 1 белка, 40-50 г сусам за наросување




ПОСТАПКА: Во подлабок сад ставете 100 г густа кисела павлака и една жолчка. Со виљушка промешајте додека да се соединат. Потоа додајте 10 лажици масло, па повторно промешајте додека маслото да почне да се инкорпорира во смесата.




Потоа додајте ја солта и прашокот за печиво, па повторно соединете. Започнете постепено да го додавате брашното: најпрво ставете половина од брашното, промешајте за да добиете мазна смеса без грутчиња, а потоа додајте го и остатокот.




Кога смесата ќе згусне и ќе се формира тестото, додајте го остатокот од брашното и замесете со рака. Тестото е меко, ровко, масно и лесно се обликува со рака. Покријте го со кеса или проѕирна фолија па оставете го да одмори 10 минути на собна температура.




На малку набрашнета работна површина истресете го брашното и со помош на оклагија развлечете кора со димензии 24х30 см, а за да добиете правилен правоаголник помагајте се со рацете (отсекувајте го вишокот и прилепувајте го на местата каде е потребно).




Кората поделете ја на четири долги ленти со приближна широчина од 6 см. По должина од секоја од лентите наредете ситно сирење, па со прстите внимателно опфатете ги краевите и спојте ги. Притиснете со дланката за да се залепат спојките и да добиете плосната штрудла.




Одозгора премачкјате со белка и исечете ги парчињата со големина по ваш избор. Секоја штрудла од премачканата страна натопете ја во сусам за да може убаво и густо да се налепи, па ставете ја во плех обложен со хартија за печење. Се печат околу 15-20 минути во загреана рерна на 200 степени, колку да заруменат. Деталите погледнете ги ОВДЕ.