Фото и рецепт: Вукица. Исклучително фино и меко тесто.

Потребни состојки: 600 г брашно, 40 г квасец, 200 мл млеко, 100 мл газирана вода, 1 лажичка шеќер, 1 јајце, 100 мл масло и 2 лажички сол. За премачкување на тестото: 100 г путер, 1 жолчка и 2 лажици кисела павлака. За премачкување на погачата: 1 жолчка и по потреба сусам и мак

Постапка: За тестото: Во 100 мл млако млеко растворете го квасецот, додадете шеќер и оставете да се активира. Изматете го јајцето, додадете сол и масло, па промешајте. Додадете го активираниот квасец и остатокот од млакото млеко и газираната вода, па промешајте.

Брашното додавајте го постепено, додека да замесите мазно тесто. Оставете го да одмора додека да се удвои, па малку премесете го и оставете го уште еднаш да стасува.

Путерот на собна температура изматете го со жолчката и павлаката. Стасаното тесто премесете го, одвојте едно топче и оставете го на страна, тоа ќе биде за во средина од погачата.

Остатокот од тестото поделете го на два еднакви дела, а секој развлечете го во правоаголник, колку можете подолг. Премачкјате ги корите со изматениот путер, па секоја свиткајте ја во ролат. Првиот ролат пренесете го во калап, мојот е 28 см, па спојте ги краевите како прстен.

Вториот ролат на ист начин пренесете го во плехот од внатрешната страна на првиот ролат. Внатрешниот ролат исечете го со ножици (ножиците држете ги во однос на тестото под агол од 45 степени) околу 1 см дебелина и префлувајте ги парчињата преку надворешниот прстен.

Продолжете така до крај. Земете го топчето и втиснете го во средина. Погачата премачкајте ја со изматената жолчка со малку масло, наросете сусам и мас. Оставете да стаса за да го зголеми волуменот, а во меѓувреме загрејте ја рерната на 200 степени. Печете ја погачата додека да зарумени, а потоа намалете на 180 степени и оставете уште малку да се допече.

coolinarika.com