Потребни состојки:

650 г брашно

250 мл млеко

100 мл јогурт

130 мл масло

1 полна лажичка сол

1 лажичка шеќер

40 г квасец

100 г путер

1 јајце

Црн сусам, ленено семе, сусам

Постапка:

Во топло млеко ставете го издробениот квасец, лажичка шеќер и брашно. Оставете 10 минути да се активира квасецот. Додадете масло, јогурт и сол. Со брашното замесете тесто. Оставете на топло тестото да надојде, 30-45 минути.

Од надојденото тесто одвојте помал дел за централниот круг. Ставете го во центарна тепсијата (30 см) која претходно сте ја подмачкале со путер.

Остатокот од тестото поделете го на два еднакви делови. Секој дел посебно развлечете го на приближно 30 х 40 см. Премачкајте со путер и свиткајте како ролат по широката страна. Краевите исечете ги и оставете ги за крај. Од двата ролата треба да исечете и да добиете 30 тријаголници.

Составете ги краевите, додадете уште малку брашно и направете 12 топчиња. Изматете јајце и премачкајте ја погачата. Централниот дел поросете го со црн сусам. Оставете 30-45 минути да надојде погачата, а рерната вклучете ја да се загрее на 250 степени.

Кога ќе ја ставите погачата, намалете на 200 степени и печете 30 минути. Ако има потреба, после 15-20 минути покријте ја погачата со хартија за печење, а неа спуштете ја на пониско на решетката.