Доколку се мислите што да направите за ручек, не ги пропуштајте овие ќофтиња со урда, кои порано многу често ги подготвуваа нашите баби. Ова е еден подзаборавен рецепт за месни ќофтиња со урда кој сите ги воодушевува со својот вкус.

Во продолжение може да го прочитате и вториот рецепт за пилешки уштипци со компир. Кој рецепт и да одлучите да го направите нема да згрешите. Како прилог, може да ги послужите со ориз и салата од домати. Еве што ви е потребно:

ПРВ РЕЦЕПТ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 500 г мелено месо, 200 г урда или сирење, 2 јајца, 1 главица кромид, 50 г презла, сол и црн пипер по вкус.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 300 г замрзнати пилешки гради, 100 г кашкавал, 300 г компири, 200 г брашно, 2 јајца, 10 г сол, 5 г црн пипер, 70 мл масло за пржење.

ПРВ РЕЦЕПТ

ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Ставете го месото во еден подлабок сад, па додајте ја урдата или може да ставите сирење. Измешајте ги состојките со виљушка додека урдата/сирењето да се издробат и да се соединат со месото.

Во садот скршете две јајца и повторно соединете. Кромидот излупете го и исечкајте го на парчиња (поситни или покрупни, како преферирате повеќе).

Кромидот претходно не мора да се пропржува, а по вкус може да ставите и неколку ситно сечкани чешниња лук. Додајте го кромидот во содржината од месо, па истресете околу 50 г презла и сѐ заедно замесете со раце.

Посолете и запиперете ја смесата по вкус (доколку сирењето е солено, не ставајте многу сол, а за урда може да користите повеќе сол).

Вака подготвената смеса добро соединете ја додека сите состојки подеднакво да се распоредат, па потоа започнете да ги обликувате ќофтињата.

Јас како мерка користам една супена лажица, црпам од неа и со помош на намастени дланки ги обликувам во елипсовидна форма. Дебелината на ќофтињата одредете си ја сами, јас обично ги правам подебели и ми излегуваат околу 9 ќофтиња.

Ќофтињата редете ги на плех и откога ќе ја потрошите целата смеса и ќе ги обликувате, валкајте ги едно по едно во чинија со брашно. На тавче на рингла загрејте масло, околу 1 прст и пржете ги ќофтињата од двете страни по 5-6 минути, со повремено проверување.

Јас ги пржам додека да добијат златна коричка од првата страна, а потоа ги превртувам, го покривам тавчето со капак и ги готвам уште 10-тина минути. Важно е маслото да биде загреано и ринглата да биде вклучена на средна кон висока температура. Ќофтињата послужете ги со варен ориз или рижото и салата од домати.

ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Пилешкото месо, како и компирот изрендајте ги на ренде, па измешајте ги во еден сад. Месото треба да ви биде претходно замрзнато, за да може лесно да го изрендате, да не ви се залепи на рендето. Компирите измијте ги и излупете ги, па изрендајте ги, па додајте ги во садот со пилешкото месо.

Скршете ги јајцата, па зачинете по вкус со сол, црн пипер и по желба додајте и други зачини по вкус (како лук во гранули, црвена зачинска блага/лута пиперка). На крајот додајте го брашното и убаво измешајте ги состојките на рака. Смесата поделете ја на 2 еднакви дела, па на набрашнета површина развлечете круг со оклагија, колку повеќе можете.

ВТОР РЕЦЕПТ
ВТОР РЕЦЕПТ

Исечкајте го кашкавалот на правоаголни парчиња (8, како за пица), па наредете ги во круг така што кога ќе ги исечете парчињата, како за пица да формирате парче во форма на триаголник и секое да се наполни со кашкавалот.

Врз кашкавалот ставете го вториот дел од развлечената смеса. Исечете триаголници и пржете ги во загреано масло.

ВТОР РЕЦЕПТ

Триаголниците се пржат 10 минути од едната страна, додека да фатат коричка, а потоа се превртуваат на втората страна и се пржат уште 10 минути под капак. Потоа можете веднаш да ги послужите, додека се уште топли. Деталите за првиот рецепт може да ги погледнете ОВДЕ, а за вториот рецепт ОВДЕ.