ПОДОБРО ОД ПИЦА…Само изрендајте ги тиквичките…лесно, евтино и многу вкусно…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 тиквички
1 главица кромид
3-4 лажици масло 25 мл
1 морков
1 црвена пиперка
1/2 китка магдонос
сол, црн пипер
3 какца
1.5 чаша млеко 300 мл
2 чаши брашно 240 г
150 г рендан кашкавал / чедар

ПОСТАПКА:

1.Изрендајте ги тиквичките, посолете ги и оставете ги 15 минути. По изминатото време процедете ги низ раце од вишокот сок.

2.На малку масло пропржете го ситно сечканиот кромид, додајте рендан морков, па по 2 минути динстање додајте ја и сечканата пиперка. Посолете и запиперете.

3.Динстаниот зеленчук истурете го во исцедените тиквички, додајте ситно сечкан магдонос и промешајте.

4.Во посебен сад изматете ги јајцата, додајте млеко и брашно и измешајте да нема грутчиња. Смесата сипете ја во зеленчукот и промешајте.

5.Целата смеса распоредете ја во големиот плех од рерна, обложен со хартија и намастен, па ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, 35 минути.

6.Извадете го плехот од рерна и врз „пицата“ распоредете рендан кашкавал, па вратете и печете уште 15 минути на 200 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.