ПОДОБРО ОД ПИЦА…Изрендајте 2 компири…Едноставен и евтин рецепт за сечиј џеб. Вкусно, здраво и заситно јадење. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 компири
1 главица кромид
1 морков
1 пиперка
3 јајца
сол и црн пипер по вкус
1 чаша млеко 200 мл
200 г брашно
1 лажичка прашок за печиво
2 лажици маслиново масло
1 полна рака ситно сечкан свеж магдонос
рендан кашкавал, домати
ПОСТАПКА:
1.Изрендајте ги компирите, потопете ги во ладна вода и оставете ги 20 минути. За тоа време пропжете го кромидот 2-3 минути, па додајте рендан морков и продолжете со динстање уште 2-3 минути.
На крај додајте ситно сечкана пиперка и динстајте повторно уште 2-3 минути. Тргнете го зеленчукот настрана и оставете да се подизлади.
2.Во подлабок сад изматете ги јајцата со малку сол и црн пипер, па додајте млеко, просеано брашно, прашок за печиво. Добро изедначете ја смесата да нема грутчиња.
Додајте маслиново масло и промешајте за да се инкорпорира.
3.Исцедете го компирот од водата и помешајте го со динстаниот зеленчук. Додајте една рака ситно сечкан свеж магдонос. Целата содржина залијте ја со приготвеното тесто и промешајте.
4.Големиот плех од рерна обложете го со хартија за печење и малку намастете ја одозгора. Сипете дел од приготвената смеса (или целата) и обликувајте „пица“ (кружна кора). Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 20 минути.
5.Извадете ја печената кора, наредете ја со кругови домати и одозгора посипете рендан кашкавал, па вратете да се допече уште 15 минути.
Постапката погледнете ја ОВДЕ.