Вака приготвениот компир е сочен и заситува.
Потребни состојки:
1,5 кг компир
500 мл слатка павлака за готвење
200 мл млеко
100 мл масло
1 супа од печурки
Црн пипер, вегета, магдонос
Кашкавал по желба
Постапка:
Излупете го компирот и исечете го на тркалца. Зачинете го и убаво промешајте.
Супата во прав од печурки измешајте ја со павлаката(хоплата), да нема грутчиња, па додадете млеко и масло, па магдонос кој ситно сте го исечкале. Промешајте.
Компирот наредете го во тепсија 30см и прелијте со приготвената павлака и состојките.
Печете во загреана рерна на 200 степени 35-40 минути.
На кратко извадете и обилно наросете со рендан кашкавал колку што сакате.
Вратете да се допече околу 10- тина минути, додека да се растопи кашкавалот.