ПОЈАДОК ЗА 5 МИНУТИ ОД 3 СОСТОЈКИ: 100 г овесни снегулки, 160 мл млеко и 2 банани…
Започнете го денот со хранлив и вкусен појадок како што се овие палачинки од овес и банана. Направен со само неколку едноставни состојки, овој рецепт е совршен за сите што немаат многу време, а сакаат здраво да се хранат.
Смесата може да се подготви од претходната вечер, а потоа само да ги испечете за 5 минути. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 чаша овесни снегулки (100 г)
2/3 чаша млеко (160 мл), за посни-може оризово или друго растително млеко
2 банани
ПОСТАПКА:
1.Овесните снегулки потопете ги во млекото и оставете ги во фрижидер преку цела ноќ. Ако ги правите за истиот ден, тогаш потопете ги со врело млеко и оставете ги да отстојат 15-тина минути да набабрат.
2.Овесот треба да ја впие сета течност. Додајте ги бананите и сето заедно испасирајте го со виљушка.
3.Широка тава сосема малку намастете ја и загрејте ја на умерена темпетратура. Со лажица спуштајте од смесата и сплескувајте одозгора, па пржете ги по неколку минути додека да заруменат од двете страни.
Втората тура палачинки можете да ги печете и без масло. Постапката погледнете ја ОВДЕ.