ПЛЕСКАВИЦИ ОД РЕРНА…Тиквичките и зеленчукот ги прават посочни и повкусни дури и од месо…Многу здраво јадење. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл и мала чајна чаша од 120 мл):

2 тиквички
2 моркови
1 компир со средна големина
1 кромид со средна големина
1 прстофат магдонос
2 јајца
сол по вкус
1 лажичка мелен црн пипер
1 лажичка мелен црвен пипер
3 лажици масло
1 мала чајна чаша пченкарно брашно
малку повеќе од 1/2 чаша брашно (се додава постепено)
1 лажичка прашок за печиво

ПОСТАПКА:

1.Тиквичките, морковите, компирите и кромидот изрендајте ги и исцедете ги низ раце (не премногу).

2.Во подлабок сад изматете ги јајцата и посолете. Додајте масло и соединете. Потоа додајте го исцедениот зеленчук и ситно сечканиот магдонос.

3.Зачинете, па додајте пченкарно брашно и продолжете со мешањето. Потоа постепено додајте го белото брашно и прашокот за печиво.

4.Од смесата црпете со лажица и сипете во плех обложен со хартија за печење. Малку притиснете ги одозгора со лажицата за да се обликуваат.

5.Печете ги во загреана рерна на 200 степени додека да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/PdtViq8V5V4?si=kst7zkXkI83P_V1H