Одличен колач-торта, првпат го направив за Велигден. На децата многу им се допадна, додуша и ние повозрасните бевме воодушевени…
Потребни состојки:
5 јајца
5 лажици брашно
5 лажици шеќер
1 прашок за печиво
За фил:
200 мл слатка павлака
400 г крем сирење
3 лажици шеќер во прав
3 лажици мелени бисквити
1 ванилин шеќер (или со вкус на рум)
10 г желатин (1 кесичка)
И уште:
150 г бисквити плазма (млеко и екстракт од рум за натопување)
3 слатки павлаки или шлаг креми за украсување на тортата
Постапка:
Одвојте ги белките од жолчките. Изматете ги во цврст снег со постепено додавање на шеќерот, лажица по лажица. Потоа додавајте ги поединечно жолчките, една по една, постојано матејќи. На крај додадете брашно помешано со прашок за печиво и со лажица внимателно промешајте за да остане смесата пенлива.
Добиената смеса излејте ја во големиот плех од рерна обложен со хартија и печете на 180 степени околу 13-15 минути. Извадете, изладете и пресечете на половина, да добиете две кори.
Желатинот пригответе го според упатството на кесичката. Изматете ја павлаката во цврст снег, додадете крем сирење, приготвениот и растопен желатин, шеќерот и мелените бисквити.
На тацна за торти ставете ја едната кора, премачкајте ја со половина од кремот, па преку кремот наредете плазми една до друга, претходно натопени во млеко со рум.
Потоа ставете го вториот дел од кремот и на крај втората кора. Целата торта премачкајте ја со изматена слатка павлака во шлаг или шлаг крем. Декорирајте по желба.
Добро разладете во фрижидер преку ноќ, послужете со кафе, во добро друштво.
Јас вака ја украсив, а вие можете да наросите крупно рендано чоколадо, по желба…