Пивски ШНИЦЛИ, меки и вкусни, се топат во уста па не ви е потребен нож…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 кг свински шницли, тенко исечени
1 голема главица кромид или 2 помали
1-2 чешниња лук, рендани
брашно
1 лажица павлака
1 лажица сенф
масло, сол, црн пипер, сув зачин
100 мл пиво или бело вино
400 мл вода
ПОСТАПКА:
1.Кромидот ситно исечкајте го. Шницлите посолете ги и извалајте ги во брашно од двете страни.
2.Шницлите запржете ги во загреано масло колку да фатат коричка, па вадете ги во посебна чинија.
3.Во истото тенџере каде ги пржевте шницлите додајте уште малку масло по потреба, па испржете го кромидот, а потоа и лукчето. Додека на динстате на намалена температура по потреба додајте и малку вода.
4.Кога кромидот целосно ќе омекне додајте една лажичка црвен пипер и една лажица сенф. Промешајте па додајте го пивото. Кога ќе зоврие додајте ја и водата на два наврати. Зачинете.
5.Вратете ги шницлите во тенџерето и оставете го да се динстаат приближно 1 час. Гответе на тивко под капак и повремено промешувајте. Постапката погледнете ја ОВДЕ.