Кога ќе ви се посака пица, само извадете си го тестото од замрзнувач, наредете фил каков што си сакате и ставете во загреана рерна да се испече и за 10-тина минути имате готово јадење.
На овој начин, добивате готов ручек на маса за неполни 20 минути ако се земе во предвид и сечкање и рендање… Ова одлично ми доаѓа кога немам ручек и кога ќе се вратам од работам ги користам вака приготвените домашни теста за пица – Амра Чурак.
Потребни состојки: 500 г брашно, 300 мл вода, 1 кесичка сув квасец, 1 чајна лажичка шеќер, 2 чајни лажички сол, 50 г путер. За фил состојки што имате од фрижидер: кечап или доматно пире, рендан кашкавал, моцарела, кулен, шунка, некое тенко сечено сувомеснато по ваш избор…
Постапка: Во брашното додајте го сувиот квасец, шеќерот и солта, па убаво промешајте за да се распоредат еднакво состојките. Путерот растопете го на тивка температура (не смее на многу висока Т, за да не прегори, а потребн е само да се растопи и да стане течен).
Растопениот путер малку изладете го да не е врел, па додајте го во брашното. Со постепено додавање на млака вода замесете го тестото. Откако ќе добиете компактно тесто, истото истресете го врз набрашнета работна површина.
Додајте уште малку брашно и замесете тесто кое не се лепи на раце. Покријте го со крпа и оставете го на топло место да стасува еден час додека убаво да го удвои својот волумен (обезбедете да нема провев во просторијата каде што го стасувате тестото).
Откако тестото ќе стаса, премесете го уште еднаш нежно, па поделете го на четири еднакви делови (или колку вие сакате според величината на корите за пица што сакате да ги правите, во мојот случај, доволни ми се четири).
Топчињата тесто развлечете ги во тенки кругови со пречник од 25-30 см. Нека овие кругови бидат еднакви на величината од тепсијата во која ќе ги печете пиците. Потоа останува само уште корите да ги завиткате во проѕирна фолија.
Одвиткајте доволно парче фолија врз работната површина, положете ја кората врз неа и потоа само поклопете ја одозгора. Корите треба од сите страни убаво да се обмотани со фолијата, преку целата поврпина.
Вака приготвените кори редете ги една врз друга на голем пластичен послужавник (во недостиг на пластичен послужавник, користам голем картонски подметнувач за торти) и вака оставете ги на рамна површина во замрзнувачот.
Кога тестото ќе се замрзне, послужавникот слободно можете да го извадите да не ви пречи во замрзнувачот и да не ви зафаќа простор. Кога ќе се одлучите да правите пица, замрзнатото тесто ставете го во намастена тепсија.
Наредете врз него фил по ваш избор (може и мелено месо, што било по ваш вкус). Рерната добро загрејте ја на максималната температура која ја постигнува (многу е важно рерната да биде убаво загреана како фурна).
Пицата ставете ја да се пече во добро загреаната рерна околу 10 минути (за 250 степени). Напомена: замрзнатото тесто треба да се искористи во рок од три месеци. Овие четири топки се приближно за медиум пица. / Амра Чурак / Сооlinarika.com / NMD.mk