Пица кифлички – Заборавете на класична пица, ова е многу подобро и побрзо. Фото и рецепт: Славка. Кифлички меки како душа, а со вкус на пица. Овој рецепт настана пред 25 години кога мојата ќерка беше мала. Во тоа време имаше пекарници каде можеше да се купат само кифли, ѓевреци, переци и секако, бурек. Почнаа да се отвораат и пицерии.
Еднаш додека правев кифли со сирење, дојдов на идеја да ги филувам како пица. Бев воодушевена со резултатот, а исто и ќерка ми и нејзините пријатели. Од ова исто тесто правам и мини пици, само што тестото го развлекувам и вадам кругови со модла за крофни, па ги филувам.
Потребни состојки: 250 мл млеко, 1 лажичка брашно, 1 лажичка шеќер, 1 коцка свеж квасец, 1 јајце, 1 лажичка сол, 150 мл масло и 500 г брашно тип 400. За фил: 100 г кечап за пица, 150 г шунка по избор, 150 г кашкавал и 1 лажичка оригано или босилек. За премачкување: 1 жолчка со малку млеко, 125 г маргарин и малку сусам, ким, крупна морска сол.
Постапка: Во 250 мл млако млеко додајте лажичка шеќер, брашно и издробен квасец. Промешајте добро да се растворат и соединат состојките, па оставете 10-тина минути да се активира квасецот и да запени смесата.
На страна изматете едно јајце со лажичка сол и 150 мл масло. Во оваа смеса додајте го активираниот квасец со млекото, па постепено започнете да го додавате брашното. Измесете мазно тесто и оставете го на топло да стасува додека да ја удвои величината. Потоа поделете го на два дела. Од секој дел развлечете што поголема кора, а потоа секоја исечете ја на 12 триаголници.
Филувајте ги со кечап, шунка, кашкавал и на крај наросете оригано. Виткајте ги кифличките и редете ги во плех претходно обложен со хартија за печење и оставете ги да стасуваат околу половина час.
Премачкајте ги кифличките со жолчка разматена со малку млеко и одозгора наросете со сусам, ким, крупна сол или нешто по ваш избор. На крај одозгора изрендајте 125 г маргарин. Ставете да се печат во загреана рерна на 220 степени додека да заруменат. Печените кифли се меки и следниот ден.
II РЕЦЕПТ – Највкусните топли сендвичи: Појадок или вечера за само 10 минути! Многу вкусни лепчиња, се приготвуваат за многу кратко време. Секогаш кога немате многу време, а сакате да ги изненадите со нешто вкусно вашите најмили, имајте го во предвид овој рецепт.
Потребни состојки: 150 г рендан кашкавал, 150 г шунка сечена на коцки, 2 тријаголници топено сирење (зденка), 2 лажици мајонез, 1 јајце, 1 прстофат оригано, 200 мл јогурт, леб исечен на парчиња (приближно 8), 200 мл млеко.
Постапка: Парчињата леб се натопуваат од двете страни во млеко. За фил: ги мешаме сите состојки и добро ги промешуваме со јајца, јогурт, мајонез. Плехот од рерна треба да се обложи со хартија за печење и малку да се намасти со путер. Натопените лепчиња се редат во плехот и врз нив се става од приготвениот фил. Се печат во загреана рерна на 200 степени додека малку да фатат коричка.
III РЕЦЕПТ – Одличен појадок за 10 минути – “Пржени” лепчиња од рерна / Фотографија и рецепт на Снежана Кнежевиќ. Брз и вкусен појадок. На овој начин лепчињата најмалку впиваат масло..
Потребни состојки: 5-6 јајца, 200 г ситно сирење, 500 мл млеко, 1 лажичка морска сол, 2 лажици маслиново масло, 11 парчиња леб, 1-2 лажички оригано, кечап, сирење, јогурт, кефир, доматен сок како прилог.
Постапка: Исечете го лепот на парчиња, а доколку веќе имате исечен, уште подобро. Во одговарачки сад искршете ги јајцата, додајте сол и изматете со виљушка. Додајте сирење, млеко и масло и само уште еднаш промешајте за да се соедини.
Натопувајте ги парчињата леб, па свртете ги да се натопат и од другата страна. Лебот редете го во плех обложен со хартија за печење. Наросете го одозгора со оригано. За тоа време, вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени. Ставете го плехот во рерна и печете го лебот додека да зарумени.
Кај мене се готови за 10 минути, бидејќи користам вентилатор со топол воздух. Пржените лепчиња извадете ги од рерна, покријте ги и оставете ги малку да подизладат. Послужете ги со прилог по желба. Ние користевме домашен кечап. / Фотографија и рецепт на Снежана Кнежевиќ