Од останатите јаткасти плодови, костенот се разликува по тоа што има најнизок процент на масти, а повеќе скроб. Тој е единствениот јаткаст плод кој содржи витамин Ц.

Благодарение на обилството диетални влакна, тој претставува природен лаксатив, а бидејќи е богат и со калиум, а сиромашен со натриум, им се препорачува во диеталната исхрана на пациенти со бубрежни и кардиоваскуларни заболувања.

Самото спомнување на костенот, кај многумина од нас буди убави спомени на топол дом и интензивен мирис и вкус на неговите плодови.

Некогаш бил нарекуван “Крал на есента”, бидејќи неговиот заситен плод буквално ги ранел луѓето уште од античко време. Костените во почетокот биле одгледувани во Кина и Јапонија, а потоа Римјаните ги донеле во Европа.

Познати ни се Castanea sativa (питом костен) и Aessculus hippocastaneum (див, коњски костен). Но, важно е да се знае дека станува збор за два потполно различни плода и две различни фамилии, но поради сличниот плод, во нашиот јазик добиле исто име- костен. Едниот се јаде, а другиот се користи само за медицински цели.

Кај народот постои верување дека плодовите од костенот ги бркаат уроците, па и ден денешен некои луѓе си чуваат во торбите по три костени за среќа, сила, здравје и добро расположение.

ЕДИНСТВЕН ПЛОД СО ВИТАМИН Ц

Од јаткастите плодови, питомиот костен се разликува по тоа што има помал процент на масти, а повисок процент на скроб. Според нутритивниот состав, најсличен е на интегралниот ориз.

Значи, костенот има висока енергетска вредност: содржи околу 44% скроб, шеќери, помалку белковини (4%) и масти (2%). Овој плод е вистинска ризница на минерали: калиум, фосфор, калциум, железо, магнезиум, сулфур, хлор, бакар, манган…

Од витамини, питомиот костен е особено богат со витамини од Б групата, витаминот А, а содржи ви витамин Ц. Благодарение на обилството диетални влакна, тој е природен лаксатив. Воедно тој е единствениот јаткаст плод кој воопшто содржи витамин Ц. Исто така, бидејќи е богат со калиум, а сиромашен со натриум, се препорачува во исхраната на пациентите со бубрежни и кардиоваскуларни заболувања.

Семето од дивиот костен има сличен состав, но поради изразено горчливиот вкус, не е за јадење.

ЛЕКОВИТОСТ

И питомиот и дивиот костен поседуваат многу лековити својства. Дивиот костен, на пример, најчесто се спомнува како помош на варикозни вени и оштетени капилари, а нивните екстракти се користат за приготвување на лековити препарати.

Помага во лекување на хемороиди, разни крвавења, ревматизам, гихт, како и гангренски рани. Во фармацевтската индустрија се користи само јатката, додека лушпата се отфрла. Од кората се добива гликозид ескулин кој има својство да ги впива УВ зраците на сонцето, па се користи за изработка на масти кои се користат против изгореници од сонце.

Чајот од лист (див или питом) од костен во народната медицина се користи за лекување на бронхитис, астма и слични тегоби поврзани до респираторниот систем.

Чајот од младата кора од дрвото и кафеавата лушпа од плодот (без жолтиот дел), помага кај хемороиди, зголемена простата, воспаленија и проширени вени, а ги смирува болките кај тие пореметувања.

Многу е ценет и пчелиниот мед добиен од костен за намалување на кашлицата и за подобра циркулација, но и за лекување на гастритис и заштита на црниот дроб.

РЕЦЕПТИ

ЗА ПРОШИРЕНИ И ОТЕЧЕНИ ВЕНИ: Во овој случај помага маста која се приготвува од 20 г екстракт од див костен помешан со 60 г ланолин. Премачканите места треба да се покриваат со завој (да не се стега!).

УБЛАЖУВАЊЕ НА РЕВМАТСКИ ТЕГОБИ: Плодовите од див костен се варат доволно долго додека течноста да се згусне. Се додава во топли бањи или се мачак на облога и се нанесува на заболените делови од телото.

РЕГЕНЕРАЦИЈА НА ЦРН ДРОБ: Сировите мелени питоми костени се мешаат со мед. На 1 кг мед се става 250 г брашно од питом костен. Добро се меша и се остава два дена. Се консумира двапати дневно по една чајна лажичка на гладно, во период од најмалку 2 месеци, а потоа се консумира по една чајна лажичка дневно.

ЗА ЈАКНЕЊЕ НА КРВОТОКОТ: Се зема дрво, стап или нешто слично од костен, па се трие помеѓу дланките додека да се загрее. Ова колку и да звучи необично, доколку се применува почесто, навистина има ефект.

ЕКСТРАКТ ПРОТИВ ХЕМОРОИДИ: Екстрактот од костени се добива на следниот начин: околу 12-15 свежи диви костени се рендаат, па се ставаат во 250 мл зовриен коњак. Се поклопува и се остава да излади. Потоа се цеди и филтрира. Се пие трипати дневно, по 15-20 капки во чаша вода. Во случај на акутни болки од хемороиди – 6 пати дневно по 40 капки.

ДАЛИ ЗНАЕВТЕ? Најпознатиот костен во светот се вика “Костенот на 100-те коњи”, од околината на градот Сант Алфио на Сицилија. Се наоѓа во шумата Карпинето на источната страна од вулканот Етна.

Легендата вели дека еднаш кралицата со 100-те свои витези се заштитила под неговата крошна за време некое невреме. Оттука и неговото име. Староста му се проценува на повеќе од 2000 години.

Ботаничарите го опишуваат како најголемо (собемот му е 52 метри) и најстаро стебло во Европа. Одвнатре е шупливо и речиси се држи на својата кора. Се состои од пет сраснати стебла, а кои пак изникнале од еден корен. Поради тоа се воделе големи дискусии за неговата уникатност. Но, таа е потврдена со ДНК анализа. Костенот во 1965 година беше прогласено за национален споменик под заштита на УНЕСКО.