Пита замесена со јогурт и вода…Не сум видела полесна и повкусна пита од оваа…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл и мала чајна чаша од 125 мл):
1 чаша вода
1 мала чајна чаша цврст јогурт или кисела павлака
1 кесичка прашок за печиво
1 лажичка сол
4.5 чаши брашно (450 г )
Маснотија за премачкување на тестото:
100 г растопен путер
0.5 мала чајна чаша масло
ПОСТАПКА:
Од состојките замесете меко тесто кое не се лепи на рака. Истресете го на набрашнета работна површина и домесете го убаво 2-3 минути. Потоа поделете го на 4 топчиња. Покријте ги со крпа да одморат 15 минути.
Одморените топчиња тесто отворете ги во тенки кори 40 см и наредете ги една преку друга претходно премачкани со маснотија. Кога ќе ја намастите и последната кора, полека сите заедно истегнете ги со прстите во една поголема кора.
Свиткајте ролат (можете целата кора да ја свиткате со помош на сyкало, а потоа само да го извлечете и да остане ролатот), а потоа исечете го надолжно на половина. Едната половина свиткајте ја како полжав, а другата обвиткајте ја во продолжение.
Питата свиткана како турбан или голем полжав, малку сплескајте ја со дланките и оставете ја замрзнувач 20 минути.
Потоа префрлете ја во плех, со дланките сплескајте колку можете потенко и одозгора премачкјате со преостанатата маснотија.
Питата испечете ја во загреана рерна на 190 степени додека убаво да зарумени, Постапката погледнете ја ОВДЕ: