Во продолжение може да го прочитате рецепт за многу вкусна пита, за чија подготовка се потребни само 10 минути. Шпанската пита со ајвар може да се послужи и ладна и топла, со шолја јогурт за појадок или вечера, а ако додадете малку декорација може да биде и предјадење, кое се обожава на славите. Ќе ви откриеме два рецепти, па според состојките одберете кој повеќе ви се допаѓа:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 200 мл јогурт, 150 мл масло, 5 цели јајца, 5 г сол, 10 г прашок за печиво, 5 лажици ајвар, 250 г брашно, 200 г шунка или некое друго сувомеснато по ваша желба, 3 кисели краставички, 150 г фета или младо сирење.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 6 јајца, 2 чаши кисело млеко, 2 чаши обично млеко, 2 чаши палента, 2 чаши брашно, 1 чаша масло, 2 кесички прашок за печиво, 2 рамни лажички сол. Уште ќе ви биде потребно 600 г сирење.




ПОСТАПКА (ПРВ РЕЦЕПТ): Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Шунката, киселите краставички и сирењето исечкајте ги на ситни коцки. Во еден подлабок сад каде што ќе ја приготвите смесата, најпрво скрешете ги јајцата и измешајте ги со маталка или жица.




Додајте го јогуртот, промешајте, па потоа додајте го маслото. Се меша додека маслото да се соедини со остатокот од смесата. Потоа се додава ајварот, повторно се меша и на крај се додава брашното и прашокот за печиво и се меша додека да се добие мазна и еднолична смеса, без грутчиња од брашното.




Во оваа смеса додајте ги шунката, киселите краставички и сирењето и измешајте со жица за матење или шпатула. Со хартија за печење обложете плех со димензии 30×20 см (правоаголен, како што е користен во видеото) и истурете ја смесата, проверете дали рерната се загреала, па префрлете го плехот во рерна.




Печете ја питата 35 минути или подолго, во зависност од тоа колку е моќна вашата рерна. Испечената пита покријте ја со крпа и оставете ја да се излади.Подоцна се сече на коцки и се сервира.




Ако питата ја послужувате на слава или некој друг свечен повод, декорирајте ја како што е прикажано на насловната слика. Одозгора може да ставите едно парче кулен или чајна, да наредите малку сирење, а одлични оди и павлака. Верувајте дека питата прва ќе ја снема од маса.




ПОСТАПКА (ВТОР РЕЦЕПТ): Многу вкусна проја – брза и едноставна постапка, мерки на чаша, запишете си го овој рецепт / Фотографија и рецепт на Маја Остојиќ – Проја. Многу лесно се приготвува и едноставно, не валкате многу садови. Многу вкусна проја, одлична за појадок или вечера, а може да се послужи и како предјадење, па дури и како главно јадење со убаво кисело млеко или чаша јогурт.

Фотографија и рецепт на Маја Остојиќ

Со миксер изматете 6 јајца додека да станат пенасти, додајте 2 чаши кисело млеко и изматете на помала брзина. Потоа додајте 2 чаши обично млеко, 2 чаши палента, 2 чаши брашно, 1 чаша масло, 2 кесички прашок за печиво и 2 рамни лажички сол (или по вкус, што зависи колку е солено сирењето).

Фотографија и рецепт на Маја Остојиќ

Измешајте убаво за да се соединат сите состојки, а потоа со рака издробете 600 г постаро сирење. Додајте го во претходната смеса и со лажица промешајте. Тепсија или плех намастете ја и наросете ја со брашно (мојата тепсија беше со пречник 30 см).

Потоа излејте ја пројата и печете ја 10 минути во загреана рерна на 220 степени и уште 30 минути на 180 степени. Фотографија и рецепт на Маја Остојиќ. Деталите од првиот рецепт може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Фотографија и рецепт на Маја Остојиќ