Повкусна пита одамна немам јадено. Оваа пита се прави многу лесно, со тоа што се состои од две смеси. Првата смеса е тенко и крцкаво тесто кое е основа на питата, а втората смеса е богатиот фил од зеленчук и прелив кој го дава сочниот вкус. Во оваа комбинација питата е неодолива.
Филот може да го правите со зеленчук или нешто друго по ваш вкус. Јас секојпат ја правам со различен фил, некогаш со брокула, некогаш со сирење и кашкавал, некогаш со мелено месо, а со пилешко немам уште пробано. Кога го видов овој полски рецепт, веднаш си го запишав, а ви препорачувам и вие истото да си го направите.
Рецептот е многу едноставен, а особено е погоден ако ви се брза или ви дојдат ненадејни гости. Верувајте дека сите ќе ја обожаваат, нема некој што досега рекол дека не му се допаѓа. Питата може да се послужи и како самостоен оброк. Еве кои состојки ви се потребни:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 180 г брашно, 125 г ладен путер, 60 мл ледена вода. ЗА ФИЛОТ: 1 главица, 2 чешниња лук, 2 лажици путер, брокула, 4 јајца, 2 лажици пченкарно брашно (гриз), 300 мл млеко, 100 г моцарела.
ПОСТАПКА: Во блендер ставете го брашното, додајте го ладниот путер исечкан на коцки и 60 мл ладна вода. Затворете го блендерот и блендирајте додека да добиете соединето и ровко тесто кое многу лесно се обликува.
Во една поголема модла со пречник од 25 см, малку намастете и прилепете го тестото за неа по дното и страните. Тестото треба да биде со еднакво израмнето на сите страни. Врз тестото ставете алуминиумска фолија и добро прилепете ја за него. Врз фолијата ставете сува леќа, грав или некои други јатки за да држи тежина.
Испечете го тестото во претходно загреана рерна на 200 степени, 20 минути. Во меѓувреме подгответе го филот. Ситно исечкајте 1 главица кромид и 2 чешниња лук. Во тавче со загреан путер, почекајте да се растопи, па додајте ги кромидот и лукот и пропржете ги додека да почнат да ја испуштаат својата превкусна арома.
Брокулата исечкајте ја на средни парчиња, па додајте да се пропржи во кромидот и лукчето. Зачинете по вкус. Кога ќе испарат течностите, покријте со капак и гответе уште 10 минути на тивко. Вака подготвениот фил излејте го преку печеното тесто (претходно извадетете ја алуминиумската фолија).
Направете мешавина од јајца, сол, црн пипер. Настрана измешајте 50 мл млеко со пченичното брашно и додајте го во смесата. Додајте го и останатото 250 мл млеко. Изрендајте 100 г моцарела или некој друг кашкавал по вкус и фино измешајте во еднолична смеса.
Вака подготвената смеса се излева врз филот од брокула и се става на печење во претходно загреана рерна на 180 степени, 30-35 минути. По печењето, питата се остава малку да се олади, па се сече на триаголници.
Филот може да го правите по избор, може да ставите и некое месо за да биде позаситна. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.