ПИТА СО ТИКВИЧКИ: Изрендај, промешај и испечи…Одлична за брза вечера…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 јајца,
100 мл масло масло,
500 г рендани исцедени тиквички,
1 главица кромид,
1 лажица сечкан магдонос,
100 г сирење (фета или малку масно сирење),
300 г брашно,
1 кесичка прашок за печиво,
2 лажици кисела павлака,
5 лажици гриз,
сол, мелен црн пипер.

ПОСТАПКА:

1.Тиквичките изрендајте ги, посолете ги и оставете ги 10-тина минути на цедалка. Истискајте ги со раце, па помешајте ги сите наведени состојки за да добиете еднолична смеса.

2.Излејте ја во калап со димензии 20×30 см претходно намастен и посипан со брашно. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, приближно 30 минути додека да порумени.