Потребни состојки:
околу 300 г исчистен спанаќ
2 јајца
100 г свежо сирење
50 г кисела павлака
150 мл јогурт
100 мл млеко
1 шолја (од 200 мл) пченкарно брашно
½ прашок за печиво
Брашно по потреба
Сол
Масло
Постапка:
Убаво измијте го спанаќот, исечкајте го на тенки ленти и оставете така да отстои 30 минути. Потоа исцедете го од вишокот вода.
Измешајте јајца, кисела павлака, сирење, јогурт, млеко и сол. Додадете го спанаќот, па пченкарно брашно и обично брашно додадете за да добиете смеса малку погуста од онаа за палачинки.
Добро измешајте.
Плехот намастете го па во него излејте ја смесата и печете на 200 степени околу 30-40 минути, во зависност од рерната. Јас печам во помал плех за да биде повисока питата.
Печената пита покријте ја со кујнска крпа барем 5 минути да омекне.
Напомена: оваа пита секогаш ја правам одокативно, значи слободно можете да додадете повеќе сирење или помалку, повеќе јогурт или помалку, но важно е крајната смеса да биде малку погуста од онаа за палачинки и не можете да згрешите. Питата е сочна, мека и вкусна.