Ова е еден навистина брз и едноставен начин за подготвка на пита, пред сè затоа што се подготвува со готови кори.
Можеби ќе ве потсети на бурекот со сирење, но оваа пита не е масна како бурекот, туку сочна и богата е со фил. Одлична е за појадок или вечера, но може да ја послужите и како лесен ручек – Селма Мемиќ.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г котови кори за пита, 600 г свежо сирење, 2 јајца, 2 чаши јогурт (чаша од 180 г), 1 чаша кисела павлака, 1 чаша газирана вода, малку сол по вкус, малку масло за намастување на тепсијата и малку за премачкување на корите одозгора (околу 1-2 лажици)
ПОСТАПКА: Секогаш е најдобро претходно да ги преброите корите за да знаете приближно со колку листови располагате и истите рамномерно да ги поделите соодветно на потребите.
Плехот/калапот во кој ќе ја печете питата намастете го со масло. Ако користите тепсија со поголема димензија ќе добиете потенка пита, а со помала димензија – подебела пита, па така, најдобро е да одберете некоја со средна величина.
Во еден подлабок сад приготвењте го филот: изматете ги јајцата, додајте го крем сирењето, промешајте и изедначете, па додајте ги јогуртот и киселата павлака и посолете по вкус. Добро изедначете.
На дното од тепсијата поставете неколку кори и неколку кои кои треба да излегуваат надвор од рабовите на тепсијата. Распоредете рамномерно третина од филот, а одозгора ставете две кори кои претходно сте ги исцепкале на помали парчиња.
Обилно испрскајте со газирана вода, така да се натопат корите. Потоа нанесете ја втората третина од филот и рамномерно распоредете. Постапката повторете ја: ставете две исцепкани кори и одозгора обилно испрскајте со газирана вода.
Кога ќе ја нанесете и последната третина од филот со сирење, прекријте со корите што висеа преку тепсијата и наредете ги за да се поклопи целата пита.
На крај спакувајте со една или две кори (во зависност од дебелината на корите), а краевите подбутнете ги внатре.
Исечете ја питата, испрскајте со остатокот од газираната вода и одозгора залијте со 1-2 лажици масло. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени додека убаво да зарумени. / Селма Мемиќ / Сооlinarika.com