ПИТА СО ПРАЗ И ОРИЗ…Супер појадок или вечера, со готови кори…

Доколку сакате да ја подготвите во посна верзија, без јајца и млеко, тогаш питата залијте ја со газирана вода во која сте додале малку брашно, масло и прашок за печиво…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г готови кори
500 г ситно сечканн праз
100 г измиен ориз
4 јајца
150 мл млеко
малку масло, сол и црн пипер по вкус

ПОСТАПКА:

Сварете го оризот и процедете го од вишокот вода. Ситно сечканиот праз потпржете го на малку масло додека да омекне. Зачинете по вкус и помешајте го со оризот. Во посебен сад изматете ги јајцата со млекото и зачинете по вкус.

Во намастен плех со средна големина наредете две-три кори, секоја попрскана со малку масло. Ако пллехот е помал, преиткајте ја кората на половина, поставете ја на дното, намастете ја и одозгора распоредете фил.

Постапката продолжете ја додека да го потрошите материјалот 2 кори па фил, или една превиткана кора, па фил…Питата исечете ја на коцки и залијте ја со мешаината од јаја и млеко.

Малку протресете го плехот за да навлезе течноста о засеците и ставвете да се пече во претходнно загреана рерна на 180 степени, 40 минути или додека да зарумени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.