Питата со мелено месо за многумина е омилена, токму поради неодоливиот вкус и нејзината брза и едноставна подготовка. Се прави со готови кори, но кога ќе се испече добива вкус како да е направена од домашно тесто.

Одлична е за појадок или вечера, но кај дома често се послужува и како главно јадење, за ручек. Направете ја, ќе бидете воодушевени од вкусот, зашто по мое мислење е подобра дури и од бурекот. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г мешано мелено месо или по избор (може и пилешко), 100 мл масло за готвење, 1 средна главица кромид, по 1-2 лажички зачини (сол, црн мелен пипер, сув зеленчуков зачин), 1 големо или 2 мали јајца, 12 готови кори за пита. За прелив: 100 мл масло, 120 мл млака вода и 1/2 кесичка прашок за печиво (5 г). За премачкување: 3 супени лажици јогурт или кисела павлака + 1 жолчка




ПОСТАПКА: загрејте го маслото на умерена температура, па додајте го ситно сечканиот кромид и запржете го неколку минути со промешување додека да омекне и застакли (2-3 минути). Потоа додајте го меленото месо.




Промешајте и динстајте неколку минути додека месото убаво да се запржи, да испари вишокот течност што ќе ја испушти и да ја промени бојата. Потоа запиперете со мелен црн пипер (1-2 лажички или по вкус), 1-2 лажички сув зеленчукв зачин (вегета) и 2-3 прстофати сол.




Промешајте за да се распоредат зачините и продолжете со динстање уште неколку минути. Месото не мора да биде целосно зготвено, зашто дополнително ќе се готви додека се пече во питата. Доволно е да се издинста 5-6 минути пред филувањето.




Прженото месо тргнете го настрана и оставете сосем малку да се олади додека ги приготвувате другите намирници. Во посебен сад изматете ги јајцата (или едно ако е големо), и залијте го подизладеното месо, па промешајте и тргнете настрана.




Во подлабок сад сипете 100 мл масло и помешајте со 120 мл млака вода, па додајте половина кесичка прашок за печиво и добро промешајте за да се раствори. Потоа отворете ги корите и пребројте ги за да знаете приближно колку ролати ќе добиете.




За еден ролат користиме три кори. Поставете една кора врз работна површина и испрскајте ја со тешната мешавина. Врз неа поставете уште две кори кои исто така треба да ги испрскате со течниот прелив. Останатите кори најдобро е бидат покриени за да не се сушат, иако целата постапка оди релативно доста брзо.




Покрај едниот раб на корите нанесете фил, па сосем малку превиткајте ги страните за да не истекува (1-1.5 см). Потоа внимателно свиткајте го ролатот и поставете го во плех обложен со хартија за печење. Постапката повторете ја и со остатокот од материјалот.

Одозгора премачкјате со мешавина од жолчка и јогурт, и ставете да се пече во преходно загреана рерна на 180 степени, 25-30 минути или додека убаво да зарумени. Деталите погледнете ги ОВДЕ.