Пита со купечки кори – како домашна…Одличен вкус и брзинска подготовка…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за мерење се користи мал филџан за кафе):
500 г кори за пита
500 г сирење
За прелив:
2 мали филџани за кафе млеко
1/2 кесичка сув квасец
1 лажичка шеќер
3 јајца
малку сол
2 мали филџани за кафе газирана вода
2 мали филџани за кафе масло
10 лажици брашно
ПОСТАПКА:
1.Загрејте го млекото да биде млако, па во него растворете го квасецот со шеќерот и оставете 10-тина минути за да се активира и запени.
2.Со жица изматете ги јајцата и додајте газирана вода, масло и малку сол. Потоа додајте го млекото со активираниот квасец и сето промешајте го.
3.Додајте брашно и изедначете за да нема грутчиња.
4.ТРИ КОРИ ПРЕМАЧКАНИ СО ПРЕЛИВ – ПА ФИЛ. Отворете една кора и премачкајте ја со преливот и преклопете со втора кора. Премачкјате ја и втората, а на ист начин и третата кора.
5.Врз третата премачкана кора на едниот крај распоредете сирење и свиткајте во ролат (најпрво преклопете од страните по 1 см за да не истекува филот, па започнете со виткање).
6.Плехот со средна големина намастете го со масло и наредете ги подготвените ролати. Одозгора истурете го остатокот од преливот и рамномерно премачкјате ги.
7.Печете ја питата во загреана рерна на 150 степени 10 минути (за да се впие полека), па зголемете на 180 степени и печете додека да зарумени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.