Пита со готови кори која за 5 минути се прави…Брз појадок или вечера, не знаете колку е вкусна…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 големи фило кори или 9 обични +-
1/2 чаша масло
3/4 чаша газирана вода
сол, црн пипер, сува билка по вкус
За полевање:
1 големо јајце или 2 помали
150 мл млеко
зачин по вкус
150 г рендан кашкавал
ПОСТАПКА:
1.Кората соберете ја како лепеза или хармонија, па свиткајте ја како полжав и ставете ја во центарот на ннамастена тркалезна тепсија. Следната кора на ист начин надоврзете ја на претходната.
2.Постапката продолжете ја додека да се исполни целата тепсија.
Одозгора премачкјате ја со со мешавина од масло и вода, добро да се натопи, па ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 10-15 минути.
3.За тоа време измешајте го млекото со јајцето. Извадете ја питата од рерна и целата посипете ја со рендан кашкавал.
Одозгора залијте го преливот од млеко и јајца и вратете да се допече 30-35 минути.
Питата е многу вкусна, крцкава како бурек..Можете веднаш да ја послужите со чаша јогурт или кисело млеко. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://www.facebook.com/share/r/14y1F43diw/?mibextid=UalRPS