ПИТА СО ГОТОВИ КОРИ И ГАЗИРАНА ВОДА…Многу вкусна, брзо се прави, однадвор крцкава, а однатре сочна…Еве што е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл, мача чајна чаша од 120 мл):

За прелив:
4 јајца
125 г растопен путер
1 мала чајна чаша масло (100 мл)
1 чаша млеко (200 мл)
1/2 чаша вода (100 мл)
1 кесичка прашок за печиво

И уште:
4 големи свежи кори, или околу 500 г какви имате
500 г урда/ситно сирење
200 мл газирана вода
малку растопен путер или масло за намастување на тепсијата

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад измешајте ги сите потребни состојки за преливот. Изматете рачно додека сето да се изедначи.

2.Тепсијата добро намастете ја на дното и од страните. Поставете една голема кора на дното, да виси од сите страни. Ако користите помали кори, тогаш ставете 3-4 кори, да се покрие дното, но и да висат од страните.

3.Внатре во тепсијата, после првиот слој ставете уште 2 гужвани кори, да биде растресито.

4.Сипете 1-2 големи кутлачи од преливот и посипете урда или ситно сирење.

5.Ставете растресено нов слој гужвани кори и повторете ја постапката (кори-прелив-урда).

6.Кога ќе го завршите редењето, преклопете ги корите кои висеа од страните, па со помош на голема тепсија превртете ја питата и вратете ја (долниот дел да биде горе). Исечете ја на коцки.

7.Одозгора истурете го остатокот од преливот и целата пита рамномерно залијте ја со газирана вода.

8.Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени додека убаво да зарумени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.