Питата се вика ПЕТКА, а ќе ви стане јасно штом ќе ги погледнете состојките. После тоа, откако ќе ја приготвите, можете да се уверите колку е мека, сочна и вкусна, а се приготвува за многу кратко време.
Потребни состојки: 500 г кори, 500 г сирење, 500 г спанаќ, 5 јајца, 50 мл јогурт, 50 мл масло, 5 лажици пченкарно брашно/гриз, сол и црн пипер по вкус
Постапка: Во соодветен сад ставете го издробеното сирење, јајцата, маслото, пченкарниот гриз и добро измиксајте. Од оваа смеса малку одвојте на страна за премачкување на ролатите одозгора, а потоа додадете го ситно исечакниот спанаќ.
Земете една кора, малку наросете ја со масло или премачкајте ја со четка, па преку неа ставете друга кора.
Потоа распоредете дел ос смесата, завиткајте во ролат и ставете во плех обложен со хартија. Повторете ја постапката додека да ги потрошите корите и смесата. Питата пред печење премачкајте ја одозгора со смесата што ја тргнавте на страна.
Ставете да се пече во загреана рерна на 220 степени околу 30-40 минути, во зависност од вашата рерна.
Bon appetit