Рецептите за брзи излеани пити се секогаш добредојдени на сечива трпеза. Риквичките тиквички, компири или моркови се најчестите намирници кои се користат за подготовка на овие пити.
Подготовката е многу лесна и едноставна. Во продолжение може да прочитате два рецепти за пита со тиквички, првата е класична излеана, а втората е малку поинаков рецепт, питата излегува сочна и богата.
Ако сакате да приготвите брза излеана пита со рендани компири, следете го рецептот ОВДЕ. Со сигурност ќе ви се допаднат и двата рецепти. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 3 јајца, 100 мл масло масло, 500 г рендани исцедени тиквички, 1 главица кромид, 1 лажица сечкан магдонос, 100 г сирење (фета или малку масно сирење), 300 г брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 2 лажици кисела павлака, 5 лажици гриз, сол, мелен црн пипер.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 1 кг тиквички, 2 пиперки, 50 г магдонос, сол, црн пипер и зачини по ваш вкус, 500 г макарони обарени, 400 г сирење, 200 г кашкавал, 3-4 јајца и 100 г пармезан или кашкавал за одозгора.
ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Тиквичките исечете ги од двете страни на краевите и изрендајте ги на најситната страна од рендето. Пренесете ги во подлабок сад, посолете ги малку и оставете да отстојат додека да ги испуштат течностите.
По 15-тина минути, добро исцедете ги од течноста што ја ќе ја испуштат, па пренесете ги во друг сад. Кромидот ситно исечкајте го на коцки.
Во садот со тиквички се ставаат 3 јајца, се матат, се додава маслото, кромидот, сечканиот магдонос, ренданото сирење, павлаката, гризот, брашното, прашокот за печиво, солта и мелен црн пипер.
Вака подготвената смеса соединете ја еднолично со виљушка, па излејте ја во калап со димензии 20×30 претходно подмачкан и наросен со брашно. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, приближно 30 минути додека да порумени.
ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Тиквичките исечкајте ги на коцки (без лупење, само краевите отстранете ги), па пропржете ги на маслиново масло додека да испари течноста.
Потоа префрлете ги во посебен сад, додајте лажичка сол, ситно сечкан свеж магдонос, црн пипер, малку оригано, праз во прав или кромид во прав, па изблендирајте ги со рачен миксер.
Смесата соединете ја со претходно сварените макарони. Од пиперките отстранете ја дршката и семките, па ситно исечкајте ги, па малку пропржете ги. Потоа додајте ги во смесата. Промешајте и ситно сирење, рендан кашкавал и 3-4 јајца.
Сите состојки промешајте ги за да добиете изедначена смеса. Излејте ја во огноотпорен сад или плех со средна величина. Одозгора наросете рендан кашкавал и сусам. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, 15 минути. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.