Домашна пита со спанаќ, прсти да излижеш од што е вкусна, полнета е со сирење и спанаќ, ова е рецепт кој мора да го пробате. Ја правам во секоја прилика, лесна е за подготовка од неколку основни состојки.
Прекрасна пита, често ја правам. Наместо спанаќ може да се користи блитва, коприва, сирење, компир, па дури и мелено месо…она што вашите најмили најмногу го сакаат. Верзијата со спанаќ на моите им е омилена, па доста често се наоѓа на нашата трпеза.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО: 200 мл млако млеко, 8 г сув квасец или 20 г свеж квасец, 1 лажичка шеќер, 100 мл млака вода, 100 мл масло, 1 1/2 лажичка сол, 500 г брашно. ЗА ФИЛ: 300 г ситно сечкан спанаќ, 200 г ситно сирење (по ваш избор), 2 белки, малку сол. ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ: 2 жолчки.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад ставете го млакото млеко, претходно отстојано минимум 1 час на собна температура. Во него додајте го квасецот, јас користев сув квасец, а може да ставите и свеж, издробен.

Додајте 1 лажичка шеќер, 2 лажици брашно одземени од целата количина и измешајте. Покријте го садот со проѕирна фолија и оставете квасецот да набубри околу 10 минути. По изминатото време, додајте ја млаката вода, маслото, посолете, па соединете ги состојките.

![]()
![]()
![]()
![]()
На крајот потребно е постепено да го додавате брашното и полека да формирате тесто кое ќе биде меко и мазно. Тестото по замесување се враќа во садот каде што првично го подготвивте, се покрива со проѕирна фолија и памучна крпа, па се остава да стасува.





Кај мене доволно беше да го оставам тестото околу 15-20 минути бидејќи сега е надвор топло, па и кујната ми беше топла. Во секој случај, сами проценете кога е доволно. По стасувањето, тестото се поделува на 6 еднакви делови-топчиња.

![]()
![]()
![]()
![]()
Секој дел се развлекува во правоаголник, колку што е можно потенко и важно е сите делови да бидат приближно иста големина и форма за да се совпаднат. Настрана направете го филот од ситно сечкан свеж спанаќ, издробено сирење, додајте 2 белки и посолете по вкус (во зависност од сирењето).

![]()
![]()
![]()
![]()
Сите состојки измешајте ги додека да се направи фил (како намаз) за да може да го премачкувате врз корите. Првата кора ставете ја на рамна површина и премачкајте ја со малку растопен путер или маргарин, одозгора премачкајте со 1/5 од филот.

![]()
![]()
![]()
![]()
Продолжете со редење на втора кора, истата постапка и така додека стигнете до 6-та кора која не се премачкува со филот, значи тој се дели на 5 еднакви делови. Исечете ја питата на вертикални ленти со дебелина по ваш избор, минимум растојание од 1 см.

![]()
![]()
![]()
![]()
Секој дел се реди во плех обложен со хартија за печење и секоја лента малку се извртува како плетенка (погледни видео). Оставете лентите да отстојат 10-15 минути за малку тестото да нарасне, а потоа премачкајте со жолчките кои ви останаа. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, 35 минути. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.































