ПИТА НА ПОИНАКОВ НАЧИН…Брза, крцкава и сочна…Со готови кори…Ова е најдобриот начин да се приготви крцкава пита од готови кори – со овој прелив питата се топи во уста.

Рецепт и видео прилог на симпатичната Лета од Летина кујна: Прелиена, крцкава, путер пита со сирење и павлака за готвење. Рецептот е несекојдневен.

Но, доколку го испробате, ќе се уверите колку е едноставен, а неверојатно вкусен. За да направите оваа пита не треба да сте експерти, потребно е само точно да го следите упатството.

Ќе добиете многу вкусна пита од која сите ќе ви побараат уште едно парче. Питата се залива со неутрална течна павлака, но доколку немате, може да се замени со млеко.

Одозгора може да наросите сусам, ленено семе, ким, црно семе или семки од тиква и сончоглед…Состојките за преливот доколку сакате можете да ги зголемите. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

12 готови кори за пита,
250 г ситно сирење,
250 мл течна неутрална павлака за готвење,
100 г путер,
20 мл масло
и сол по потреба.

ПОСТАПКА:

Пита на поинаков начин – многу брза, крцкава и сочна, со богат вкус, залиена со превкусен прелив

Видеото погледнете го ОВДЕ: