Шпанската пита е одлично предјадење или вечера со чаша јогурт. Некогаш се нарекувала царска пита, а денес тоа е шпанска пита. Ако ја направите и исечете на убави коцки, можете да ја послужите и како предјадење.
Потребни состојки: 5 јајца, 200 мл масло, 200 мл јогурт, 250 г брашно, 1 лажичка сол (10 г ), 1 прашок за печиво (10 г ), 150 г шунка или друго сувомеснато, 100 г кисели краставички и 200 г младо сирење (ако ставате фета, тогаш 150 г и помалку сол во смесата)
Постапка: 1.Ситно исечкајте ја шунката, сирењето и краставичките. 2.Пенасто со жица изматете ги јајцата и додадете сол. Додадете масло и јогурт, а потоа брашно и прашок за печиво.
3.Соединете ја смесата, па додадете ги сечканата шунка, сирењето и краставичките. 4.Промешаната смеса излејте ја во намастен плех со средна величина и печете во загреана рерна на 200 степени.
5.Печете помеѓу 30 и 40 минути, во зависност од рерната (во видеото 35 минути). Може да се послужи како топло и како ладно предјадење, појадок или вечера. Постапката можете да ја погледнете во видеото: