Бурек со месо
Бурекот со месо е класично јадење кое зрачи со топлина и традиција, совршено за секоја пригода.
Овој рецепт нуди сочна и вкусна пита, подготвена со тенки кори и богат месен фил, кој ќе ги освои сите на трпезата.
Лесен за подготовка, а сепак импресивен, овој бурек е идеален за семејни ручеци или дружења со пријатели, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки
– 600 г мелено месо (по избор, препорачано јунешко)
– 500 г готови тенки кори
– 2 главици кромид (или 1 поголема главица)
– 100 мл масло (за премачкување на корите)
– Масло (за динстање, по потреба)
– 1 лажичка сол
– 1 лажичка сув зачин (по желба)
– 1/2 лажичка црн пипер
– 4 јајца
– 200 мл јогурт
– 200 мл газирана вода
– 1/2 лажичка сол (за прелив)
– НМД

Постапка
1. Ситно исечкајте го кромидот и динстајте го на умерена топлина во малку масло додека не стане стаклест.
Додајте го меленото месо и продолжете со динстање, повремено мешајќи, додека да испари целата течност. Зачинете со сол, црн пипер и сув зачин по желба. Оставете го филот да се излади.
2. За прелив, во длабок сад изматете ги јајцата со малку сол, па додадете го јогуртот и газираната вода. Промешајте додека не се добие хомогена смеса.
3. Загрејте ја рерната на 200°C. Земете плех со димензии 20×30 см и намачкајте го со малку масло.
Одвојте три кори настрана за завршно покривање на питата. На дното на плехот ставете две кори така што половините ќе висат надвор од плехот.
4. Рамномерно распоредете три лажици од филот врз корите во плехот. Преклопете една од виснатите половини од корите преку филот и намачкајте ја со масло.
Врз неа ставете уште три лажици фил и распоредете рамномерно. Повторете ја постапката, користејќи по две кори: едната ја премачкувате со масло, а врз другата ставате фил. Продолжете додека да го потрошите целиот фил.
5. Откако ќе го потрошите филот, преклопете ги виснатите кори од страните кон внатрешноста на плехот. Покријте со преостанатата кора, вметнувајќи ја од сите страни за да ја „запечатите“ питата. Со остар нож исечете ја питата на коцки.
6. Прелијте ја питата со подготвениот прелив, внимавајќи смесата да навлезе во сите исечени делови. Оставете ја питата да отстои 20-30 минути за корите да го впијат преливот.
7. Печете ја питата во загреана рерна на 200°C околу 25-30 минути, додека не добие златно-кафеава боја.
8. Послужете ја топла, со јогурт или салата по желба.
Пријатно јадење! Постапката можете да ја погледнете на Инстаграм ОВДЕ:
https://www.instagram.com/reel/DLtvqpfNEXj/?utm_source=ig_web_button_share_sheet












