Потребни состојки:

1 пакување (250 г) лиснато тесто

5-6 компири со средна величина

100 г шунка

100 г фета

100 г кисела павлака

2 јајца

100 г тврдо сирење/кашкавал

100 мл млеко

По потреба сол, црн пипер, босилек

Постапка:

1.Компирот обарете го (до половина, не целосно) па исечете го на пркалца и зачинете по потреба. Лиснатото тесто исукајте го на околу 26 см ширина, ставете го во калап 22 см обложен со хартија за печење, израмнете, а ивиците подигнете ги покрај ѕидовите на калапот.

Наредете половина од шунката исечена на тенки листови.

2.Преку шунката ставете еден дел, околу третина од компирот, па потоа фета исечена на листови.

3.Наредете го и вториот дел од компирот, втората половина од шунката, може и малку панцета, фета и третиот дел од компирот.

4.Изматете павлака, јајца и млеко, посолете и прелијте го компирот.

5.Изрендајте го тврдото сирење/кашкавал, па свиткајте ги краевите на лиснатото.

6.Печете на 200 степени околу 45 минути или прободете со нож и проверете дали компирот е печен.

7.Послужете топло.