ПИРОШКИ ОД ПАЛАЧИНКИ…Сите беа воодушевени од вкусот…евтин и едноставен рецепт…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За фил (филот можете и по свој вкус):
3 компири
1 лажица масло/путер
1 главица кромид
1 црвена пиперка
4 зелени млади кромитчиња
100 г рендан кашкавал / чедар
1 лажичка сол
1 лажичка црн пипер во прав
За палачинки:
2 јајца
3 чаши млеко 600 мл
1 лажица шеќер 20 г
1.5-2 чаши брашно 180 г
1 лажица масло
За похување:
3 јајца
1 лажичка сол
2 лажици брашно 40 г
лебни трошки за валање
масло за пржење
ПОСТАПКА:
1.Сварете ги компирите и направете пире. Кромидот ситно исечкајте го и испржете го на малку масло (3 мин), па додајте ја ситно сечканата пиперка (уште 2 мин).
Додајте ги во компир пирето и сето помешајте го со ситно сечкан млад кромид и рендан кашкавал.
2.За тестото од палачинки измешајте ги сите состојки во подлабок сад и постепено додајте го брашното додека да добиете конзистенција на јогурт.
На крај додајте малку масло и промешајте. Печете ги палачинките на вообичаен начин, по 2 минути од секоја страна.
3.Ставете фил на крајот од палачинката и свиткајте во ролат, со претходно спакувани страни за да не истекува при пржењето.
4.Спакуваните палачинки прво потопувајте ги во изматени јајца со малку сол и брашно, а потоа во лебни трошки.
5.Пржете ги по 2 минути од двете страни додека да заруменат. Послужете ги топли или ладни, секако се вкусни. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/Og5vUx1KGNA?si=35ocndhP2zDZ3087