ПИРОШКИ ОД КОМПИР…Толку многу се вкусни, што колку и да направам, малку се…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

300 г варен компир (може и пире ако ви останало од ручекот),
80 г путер или маргарин,
10 г сув квасец (1 кесичка),
1 мала лажичка шеќер,
200 мл млако млеко,
2 јајца (жолчки + белки),
380 г брашно,
1 лажица сол или по вкус,
150 г сирење,
200 г лебни трошки (презла)

ПОСТАПКА:

1.Во топлите варени компири додајте го путерот и направете пире. Квасецот растворете го во топло млеко во кое сте додале шеќер и двете жолчки.

Додајте го пирето и изедначете, па постепено додајте го брашното и солта, па замесете меко тесто кое не се лепи.

2.Покријте ги и оставете го покриено да ферментира 1 час додека да го удвои волуменот. Стасаното тесто истресете го на набрашнета површина, развлечете кора и исечете ја на 20-тина правоаголници.

3.Филувајте ги со кашкавал, сирење или по желба, свиткајте ги и спојте ги краевите за да не ситекува филот при пржењето.

4.Пирошките валајте ги прво во белки, а потоа во лебни трошки, па пржете ги во умрено загреано масло.

Постапката погледнете ја ОВДЕ.

Наједноставниот појадок готов за неколку минути – пирошки со компир