За овој рецепт не ви се потребни потиснувачи за да не испливаат пиперките. Го правите солилото, ги полните теглите со пиперки, ги прелевате и еден час ги ставате во рерна на 100 степени. Многу вкусно и едноставно, пробајте!

Потребни состојки:

1 литар вода
145 г шеќер
40 г сол
180 г бел алкохолон оцет (не есенција)
1 кг сечкана пиперка

Постапка:

За варена пиперка од рерна солилото се прави многу едноставно: 1 литар вода оставете да зоврие. Тргнете од рингла и веднаш додадете 145 г шеќер, 40 г сол и 180 г бел оцет. Ова е количина за еден килограм сечкана пиперка.

Во рецептов е добро што може да користите секакви пиперки и ситни и извиткани, само потребно е да бидат здрави, бидејќи се сечкаат на ленти.

Можеби си мислите дека станува збор за пастеризација во рерна, но не, пиперките се сосем поинакви и може да се јадат веднаш после 24 часа.

Едноставно, со пиперките наполнете ја теглата до врв, малку притиснете за да собере што повеќе, па прелијте со солилото. Затворете со чисти и нови капаци и ставете ги теглите на решетката во рерна.

На 100 степени оставете ги на тивко да крчкаат еден час. Кога ќе извадите внимателно, завиткувајте ги во крпи или што имате и оставете ги така додека целосно да изладат. Вака приготвените пиперки можете да ги јадете после 24 часа.

Пиперките се многу необични, меки и биквално се топат во уста, а не се прекисели. Рецептов навистина вреди.

tortekolaci.com