Кој го сака вкусот на пиперките, ќе ужива во овој рецепт. Може да се послужат како предјадење или прилог на главното јадење. Одличен вкус, секогаш ќе ви бараат повеќе…
Потребни состојки:
5 поголеми пиперки
1 јајце
100 г рендано сирење по избор
2 лажици кисела павлака
1 лажица гриз
сусам за наросување одозгора
Постапка:
Пиперките измијте ги убаво со ладна вода, избришете ги, па пресечете ги на половина. Внимателно исчистете ги од семчињата внимавајќи да останат како кајчиња.
Во подлабок сад изматете едно јајце со жица, па додадете 100 г рендано сирење, две лажици кисела павлака и една лажица гриз.
Промешајте добро за да се изедначат состојките. Тавчето во кое ќе ги печите пиперките обложете го со хартија за печење.
Рамномерно распоредете ја смесата и полнете ги пиперките со по околу околу две лажици секое парче. Одозгора наросете сусам, па ставете да се печат во претходно загреана рерна на 220 степени околу 15 минути.
Деталите можете да ги погледнете во видеото: